ИДУЕП ги зајакнува своите капацитетите – Успешно заврши Меѓународната академија за лидерство во Германија

Интерактивни предавања, вежби за самостојно учење, симулации, панел дискусии со локални и лидери од разни делови на светот – ова беа дел од содржините за време на Меѓународната академија за лидерство на Фондацијата Фридрих Науман која се одржа во период од 11 до 23 август 2024 година во Германија. На покана на нашата партнерска организација, Фондацијата „Фридрих Науман“, претставник на Академијата од земјава и од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) беше Стефан Атанасовски Трајковиќ, заедно со колеги од уште 26 земји од светот, претставнички и претставници на…

Потребен е подобар статус за волонтерите – Работна средба на ИДУЕП и ОДАС

Неопходна е промена во свеста и кај сите чинители за статусот на волонтерите во земјава, како и развивање на посебни програми и законски измени со цел подобар статус за секој волонтер и волонтерка – ова беше заклучокот од заедничката средба на претставници на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС). Претставниците на ОДАС го презентираа проектот „Правна регулатива на волонтерството“ кој го спроведуваат со финансиска поддршка од страна на Вестминстер фондацијата за демократија. Беа разгледани и дискутирани резултатите од спроведената…

ИДУЕП учествува на Меѓународната академија за лидерство на ФНФ – Претставен и успешниот модел на дигитална транспарентност на Институтот

Во рамките на одбележувањето на #15годиниИДУЕП, Стефан Атанасовски Трајковиќ како претставник на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) е во Германија каде учествува на Семинар за зајакнување на капацитетите на НВО во организација на Меѓународната академија за лидерство на Фондацијата Фридрих Науман. За време на првиот дел на Семинарот за зајакнување на капацитетите на НВО, активисти и лидери од 26 земји од светот работат на: 🎯 системот на вредности 🌟 организациската култура ✅️ споделување позитивни пракси Исто така, во рамките на работните сесии беше презентиран и успешниот модел…