Во просториите на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во Скопје се одржа информативна средба со Алексеј Демјански, програмски офицер за Европа во рамките на канцеларијата на National Endowment for Democracy (NED) во Вашингтон, САД.
Целта на средбата беше претставување на работата на ИДУЕП Институтот и основните заложби на организацијата, како и разговарање за можностите за соработки кои преку своите програми ги нуди NED.
