Студентските теми е потребно да бидат повеќе застапени во јавниот дискурс – Одржани обуки за јавен настап за претставници на УСС УКИМ

На 21 декември 2023 година во просториите на Студентскиот културен центар во Скопје беа одржани две последователни обуки за јавен настап и комуникација со јавноста наменети за претстедателките и претстедателите на факултетските студентски собранија при УКИМ, претседателот и членовите на Универзитетскотот студентско собрание при УКИМ, како и студентската правобранителка при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Целта на обуките е подигање на нивото на знаења и вештини во делот на односите со јавноста и комуникацијата со медиумите, како и стекнување на вештини за поголемо јавно застапување на теми важни за студентите.

Обуката ја организираше Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во насока на поддршка на работата на УСС при УКИМ, како и со цел давање на општествен придонес во зајакнување на улогата на младите и жените во процесите на одлучување во општеството. Оваа обука беше реализирана од страна на Бојан Кордалов, комуниколог, а содржеше и низа на практични вежби за совладување на зададените вештини.

Поврзани соддржини

Leave a Comment