Процес на вакцинација, отпорност кон теориите на заговор, мерки за штедење… Кризите со кои се соочува светот изминативе години на голема врата покажаа дека доброто управување, а особено професионалната комуникација на властите со граѓаните игра клучна улога во (не)успешноста на справувањето и надминувањето на ваквите кризни состојби. Владата пред неколку месеци донесе одлука со која ги задолжи сите јавни институции да обезбедат заштеда на електрична енергија од 15 проценти, а истовремено и голем дел од општините јавно објавија кои и какви мерки за штедење започнуваат да применуваат во услови на…
Month: October 2022
Јавна дебата во Собранието на тема законско регулирање на средношколското организирање и учество
На ден 20-ти октомври 2022 година (четврток), со почеток од 12:30 часот, во салата „Борис Трајковски“ во Собранието ќе се одржи јавна дебата посветена на законското регулирање на средношколското организирање и учество. Целта на оваа јавна дебата е средношколците, претставниците на младинските здруженија, институциите и организациите кои работат на полето на образование и младинско учество да дискутираат за можни законски решенија кои ќе го регулираат и гарантираат средношколското учество. Учесниците во јавната дебата ќе ги споделат своите ставови, искуства и потреби за идно законско решение, а се очекува да дадат…
Промоција на прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини“ во Валандово
Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини – Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?“ беше промовиран во Општина Валандово. Копија од Прирачникот беше предадена на градоначалникот Перо Костадинов од страна на коавторите Бојан Кордалов и Тоше Зафиров. Овој Прирачник се фокусира кон иновативната и практична улога што дигитализацијата и дигиталната трансформација ја имаат во процесот на комуникација и овозможување ефикасни дигитални услуги на јавната администрација на локално ниво. Дадени се принципи, но и конкретни примери на дигитални платформи што едноставно може да се применат…
Младите да бидат активно вклучени во носењето на одлуки – Клубот на млади пратеници и ИДУЕП во заедничка посета на Валандово
Конкретни младински иницијативи и заложба за нивно финансирање, амандмански предлози и други законодавни иницијативи, како и симулации на собраниски активности како практична настава за учениците се само дел од идните активности кои Локалниот младински совет ќе ги достави до Општина Валандово од каде ќе бидат упатени за реализација до законодавниот дом – овие заклучоци беа во фокусот на иницијативата „Младите во фокусот“, во организација на Клубот за младински прашања и политики во Собранието и Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП), а во соработка со Општината. Пратеничката Моника Зајкова,…