На ден 20 јануари 2022 година, четврток, со почеток во 11 часот, ќе се одржи третиот од серијата јавни настани „Дигитални предизвици за општествена трансформација“, организиран од страна на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и фондацијата „Фридрих Науман“. Настанот ќе биде во формат на онлајн тркалезна маса, а свои обраќања ќе имаат: Горан Милевски – министер за локална самоуправа, Душица Перишиќ – извршна директорка на ЗЕЛС, Ивајло Цонев – проектен координатор во Фондацијата „Фридрих Науман“, Бојан Кордалов – комуниколог, Бардил Јашари – извршен директор на Фондација „Метаморфозис“ и Емили Јовановиќ Локвенец – специјалист за информациски системи при УНДП.
Целосна транспарентност и отчетност за работата на секоја општина, онлајн можности граѓаните да контактираат со сите свои градоначалници и советници на брз начин, како и лесно електронско пријавување на иницијативи и проблеми до локалната администрација – ова се основните промени кои граѓаните ги очекуваат од работата на единиците на локалната самоуправа во следниот мандат.
Според согледувањата на програмите и јавните настапи на кандидатите на Локалните избори кои ги направи ИДУЕП, овие заложби водат преку воведување на ефикасна и одржлива дигитализација, а беа ветени од страна на сите политички партии кои учествуваа на изборите. Огромен дел од нив се веќе преточени и како конкретни проекти и активности во Програмите за работа на единиците на локалната самоуправа и новоизбраните локални раководства.
Од овие причини, тркалезната маса во рамките на иницијативата „Дигитални предизвици за општествена трансформација“ е наречена „Како до е-општини од интерес на граѓаните?“ и има за цел отворање на поширока и инклузивна дебата, како и директен поттик за преземање на конкретни заложби и мерки за воведување на брзи, неселективни и широко достапни можности и услуги од интерес на секој граѓанин, сузбивање на корупцијата и поголема ефикасност и задоволство од работата на институциите на локално ниво.
Би ни претставувало огромна чест доколку ја прифатите оваа покана и Вашиот медиум ја проследи оваа онлајн тркалезна маса. Регистрацијата за учество на онлајн настанот може да се изврши на следниот линк: https://forms.gle/JRaA7K9BKbU4LxhS7
Исто така, настанот ќе биде емитуван во живо и на: https://www.facebook.com/fnfsee
АГЕНДА
11:00 – 11:05 часот Ивајло Цонев, проектен координатор, Фондација „Фридрих Науман“ Поздравно обраќање
11:05 – 11:10 часот Горан Милевски, министер за локална самоуправа
11:10 – 11:15 часот Душица Перишиќ, извршна директорка на ЗЕЛС
11:15 – 11:20 часот Бардил Јашари, извршен директор на Фондација „Метаморфозис“
11:20 – 11:25 часот Емили Јовановиќ Локвенец, бизнис аналитичар / специјалист за информациски системи, УНДП
11:20 – 11:25 часот Бојан Кордалов, комуниколог и координатор на Програма на ИДУЕП
11:25 – 11:50 часот Втор круг на прашања до сите говорници
11:50 – 12:20часот Дискусија