Граѓаните бараат ефикасни општини – Со дигитализација до квалитетни јавни услуги

Потребна е сеопфатна стратегија но и конкретен план и ресурси за имплементација на дигитализација на услугите во општините кои треба да бидат направени по мерка и според потребите на граѓаните, гласи заклучокот од денешната трета дебата од серијата јавни настани „Дигитални предизвици за општествена трансформација – Како до е-општини од интерес на граѓаните?“, организирана од страна на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата „Фридрих Науман“. Сите учесници во дебатата се согласни дека е потребна поголема конкретна примена на дигитални услуги на локално ниво и системски пристап…

Покана за онлајн тркалезна маса „Како до е-општини од интерес на граѓаните?“ во организација на ИДУЕП и ФНФ

На ден 20 јануари 2022 година, четврток, со почеток во 11 часот, ќе се одржи третиот од серијата јавни настани „Дигитални предизвици за општествена трансформација“, организиран од страна на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и фондацијата „Фридрих Науман“. Настанот ќе биде во формат на онлајн тркалезна маса, а свои обраќања ќе имаат: Горан Милевски – министер за локална самоуправа, Душица Перишиќ – извршна директорка на ЗЕЛС, Ивајло Цонев – проектен координатор во Фондацијата „Фридрих Науман“, Бојан Кордалов – комуниколог, Бардил Јашари – извршен директор на Фондација „Метаморфозис“…

ИДУЕП Анализа: Подобрувања, но и падови во користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери во 2021 година

115 од вкупно 120 пратеници биле присутни на најмалку еден социјален медиуми во 2021 година. Носителите на извршната власт – Претседателот и Владата во целост биле онлајн, а бројот на активни градоначалници на социјалните медиуми пораснал за 3 споредено со 2020 година и изнесува 80 од вкупно 81. Политичарите и јавните институции се присутни на социјалните медиуми само кога сакаат нешто да соопштат, да се одбранат или да нападнат, а мислењата од граѓаните речиси се неважни, покажа редовната годишна Анализа на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). За…