Со цел подигнување на јавната свест за потребата од средношколско организирање кое ќе биде ефикасно и функционално, но и избирано во целосно демократска процедура, Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ) и Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) ја организираат панел дискусијата на тема „Какви новини се потребни во средношколското организирање?“.
Оваа панел дискусија е дел од заедничката иницијатива на ИДУЕП и ССРСМ насловена „Лидер(ка) на училиште, лидер(ка) во иднината“ која има за цел да вклучи широк фронт на индивидуи и организации со цел дебата и заедничко изнаоѓање на најдобриот модел за реформа и подобрување на моменталниот начин на средношколско организирање во училиштата, како и на национално ниво.
Панел дискусијата ќе се одржи на ден 24.9.2021 година, среда, со почеток во 13:30 часот, во просториите на „Europe House Skopje“, а ќе биде пренесувана и во живо на Фејсбук.
Панелисти на оваа дебата ќе бидат: Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколци, Ана Попризова, училишен психолог во СУГС „Орце Николов“, Елена Данова, младинска работничка во Еквалис, Иван Јованов, извршен директор на LEA и Јовица Јанковиќ, претставник на ИДУЕП.