ИДУЕП и ССРСМ организираат панел дискусија на тема „Какви новини се потребни во средношколското организирање?“

Со цел подигнување на јавната свест за потребата од средношколско организирање кое ќе биде ефикасно и функционално, но и избирано во целосно демократска процедура, Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ) и Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) ја организираат панел дискусијата на тема „Какви новини се потребни во средношколското организирање?“. Оваа панел дискусија е дел од заедничката иницијатива на ИДУЕП и ССРСМ насловена „Лидер(ка) на училиште, лидер(ка) во иднината“ која има за цел да вклучи широк фронт на индивидуи и организации со цел дебата и заедничко…