ИДУЕП започнува со серија на јавни дебати насловени „Што сакаат младите?“

Со цел подигнување на јавната свест за вклучување на младите луѓе во процесите на одлучување и владеење на сите нивоа на власта, особено кај општествените чинители, Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) започнува со организирање на серија на јавни дебати насловени „Што сакаат младите?“.

Првата од серијата јавни дебати се одржа на ден 16.6.2021 година, среда, со почеток во 11 часот, во дворот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Панелисти на оваа дебата се Бленди Ходаи, основач на Сојузот на средношколци и активист, Александар Каратошо, Млад европски амбасадор за Западен Балкан, како и младинските активисти Дена Сачмароска и Марио Паунов.

Преку овие активности, ИДУЕП цели да придонесе кон идентификување на потребите, барањата и очекувањата на младите луѓе во Македонија со цел институциите да градат успешни и инклузивни младински политики, првенствено преку вклучување на секој млад човек во обликувањето на својата иднина.

Веруваме дека јавното говорење и јавните настани на ова тема ќе дадат несомнен придонес за подобрување на состојбата во која младите живеат, учат, студираат, работат и дејствуваат. Истовремено, со ваквите настани Институтот се стреми кон вклучување на целокупната јавност во дискусија и подигање на јавната свест за придонесот и потребата за целосно вклучување на младите луѓе како активни општествени чинители и носители на постојани позитивни промени во процесите на управување.

Поврзани соддржини

Leave a Comment