ИДУЕП дебата: Младите мора да бидат рамноправен партнер во процесите на одлучување

Поквалитетно образование, консензус меѓу партиите за сите прашања кои ги засегаат младите, како и вклучување на секој млад човек во процесите на носење на одлуки – беа само дел од заклучоците од првата од серијата јавни дебати на тема „Што сакаат младите?“ кои ги организира Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи. Потребно е постојано да ги потсетуваме институциите дека младите се рамноправни и активни чинители во процесот на креирање политики на локално и централно ниво, се согласија младинските лидери – учесници на јавната дебата: Бленди Ходаи, Александар Каратошо, Дена…

ИДУЕП започнува со серија на јавни дебати насловени „Што сакаат младите?“

Со цел подигнување на јавната свест за вклучување на младите луѓе во процесите на одлучување и владеење на сите нивоа на власта, особено кај општествените чинители, Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) започнува со организирање на серија на јавни дебати насловени „Што сакаат младите?“. Првата од серијата јавни дебати се одржа на ден 16.6.2021 година, среда, со почеток во 11 часот, во дворот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Панелисти на оваа дебата се Бленди Ходаи, основач на Сојузот на средношколци и активист, Александар Каратошо, Млад европски…

ИДУЕП со 3 конкретни предлози за поквалитетен живот на граѓаните преку воведување и практична примена на дигитализација на услугите

Според сите анализи за присуство во медиумите, дигиталната агенда и дебата станува сè поактуелна во платформите и настапите на општествено-политичките чинители на сите нивоа, а истовремено голем број од нив сметаат дека е потребна одржлива дигитализација која ќе биде насочена исклучиво кон потребите на граѓаните и олеснувањето на животот и работните активности на секое физичко и правно лице. Истовремено, темата за дигитална трансформација интензивно се наметна со појавувањето на пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот. Пандемијата ги мотивираше сите општества да дејствуваат брзо и да се прилагодуваат на алтернативни начини на…