Политичката партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја потпиша Декларацијата на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) која има за цел да послужи како основа за водење на инклузивна и аргументирана дебата на тема осовременување и одржлива дигитализација на образованието.
Министерството за образование и наука (МОН) по однос на иницијативата испрати и официјален одговор до ИДУЕП во кој, меѓу другото, нагласи и дека секоја промена во образованието Министерството ја води транспарентно, со учество на сите засегнати страни и експертската јавност. Целиот допис од МОН до Институтот е достапен ТУКА
И Сојузот на средношколци ја поддржа и потпиша и Декларацијата изготвена од ИДУЕП. Повеќе инфо ТУКА
Претходно, како основа за воспоставување на добра комуникација во процесот на дигитализација на образованието, ИДУЕП изработи Декларација како основа за водење на дебата за осовременување на образованието во која ги сумираше ставовите од различните субјекти на кои изгледа дека се согласуваат учесниците во досегашната јавна дебата. Институтот смета дека прифаќањето на овој или друг сличен документ и негово ставање во средиште на дискусијата може да се дојде до продуктивна расправа која ќе изнедри евентуално долгорочно решение за стратешко осовременување на образованието.
Декларацијата е испратена до државниот врв, МОН, Комисијата за образование при Собранието, политичките партии, граѓанските организации кои се активни во сферата на образованието и младинските политики, меѓународните претставништва и организации, како и други општествени чинители активни во оваа сфера.
Повеќе информации за иницијативата на ИДУЕП и Декларацијата се достапни ТУКА