МОН до ИДУЕП: Секоја промена во образованието ја водиме транспарентно со учество на сите засегнати страни и експертската јавност

Врз основа на доставената ИНИЦИЈАТИВА на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и ДЕКЛАРАЦИЈА како основа за водење на дебата за осовременување на образованието, пристигна одговор од страна на Министерството за образование и наука (МОН) кој го пренесуваме во целост:

„Министерството за образование и наука изразува благодарност за доставената декларација од Ваша страна, како основа за водење на дебата за осовременување на образованието.

Ве известуваме дека секоја промена која ја креираме во насока на обезбедување подобар квалитет на националниот образовен систем во целина и во одреден сегмент, како и во насока на обезбедување повеќе и подобри можности за учениците, студентите, наставниците, професорите, е однапред најавена и истата се дефинира низ транспарентен процес со учество на сите засегнати страни и експертската јавност.

Така е овој пат, во врска со носењето на законското решение кое ќе обезбеди достапност на учебниците за сите ученици, поголема интерактивност, инклузивност на материјалите за учење затоа што истите ќе бидат достапни во аудио формат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид. Воедно преку поставувањето на повеќе филтри низ постапката за изработка и усвојување на учебниците, се елиминира веројатноста за појава на грешки од било каква природа, а се воведуваат и содржини од областа на мултикултурализмот, толеранцијата, почитување на различностите и слично. Можноста за ажурирање на учебниците секоја година, значи дека повеќе ќе нема да се применуваат учебници со застарена содржина.

МОН останува отворена институција за соработка со секој заинтересиран поединец, група, граѓанска организација, здружение со намера да даде конструктивен предлог или идеја за унапредување на содржината и квалитетот на законското решение, земајќи го во преден план интересот на учениците.“

Поврзани соддржини

Leave a Comment