Државниот завод за ревизија доби обука за дигитализација и односи со јавност

„Стратегиско моделирање на односите со јавноста и дигитализација во јавниот сектор“ е насловот на обуката која беше реализирана од страна на Јасна Бачовска Недиќ, редовна професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и специјалистот за односи со јавност и нови медиуми и координатор на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација на ИДУЕП, Бојан Кордалов. Обуката беше наменета за потребите на дел од вработените во Државниот завод за ревизија.

Во сферата на стратегиското моделирање на односите со јавноста, ревизорите од ДЗР имаа можност да се информираат за системот на односи со јавност во јавниот сектор, како и за потребата од поголема видливост, отвореност и транспарентност на институции како ДЗР. Воедно, беа презентирани и техники за воспоставување на ефикасен модел за внатрешна и надворешна комуникација.

Дигитализацијата во јавниот сектор како предизвик и стремеж кон кој целат сите јавни институции вклучувајќи го и ДЗР, претставуваше одлична тема и можност за ревизорите да дискутираат за појавата на новите медиуми како модерна алатка за меѓусебна комуникација и за комуникација со јавноста.

Државниот завод за ревизија го следи трендот на користење на новите технологии, препознавајќи ја потребата за унапредување на вештините за двонасочна комуникација со јавноста и дигитализацијата како позитивна придобивка во тековната работа и ревизорски активности.

Поврзани соддржини

Leave a Comment