„Вистинскиот маж“ освои над 28.000 Фејсбук поддржувачи

За само две недели од формирањето на фејсбук групата за поддршка на кампањата „Вистинскиот маж никогаш НЕ удира жена“ таа брои над 28.000 поддржувачи – покажа второто интернет истражување на тема „Демократија преку новите медиуми“, кое во периодот од 10 – 14 Октомври 2009 година го спроведе Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП).

Некои податоци: Групата е јавна и отворена. Во неа може да се зачлени и да остави свој коментар или мислење секој кој има личен фејсбук профил. Формирана е на 1ви Ноември 2009 година и за само 15 дена успеа да придобие над 28.000 поддржувачи што претставува недвосмислена поддршка. Мошне позитивно за оваа група е фактот што истата е отворена за различно мислење и ставови, а се отстрануваат само вулгарните и крајно непристојните и навредливи коментари.

Во рамките на оваа фејсбук група, во моментов се активни вкупно 5 форум дискусии на теми како семејно насилство, стереотипи за машкоста и слично. Членовите на групата можат да објавуваат слики и видео материјали, а досега се објавени вкупно 17 фотографии и 3 видеа.

Рекорден е бројот на коментари кои во овие 15 дена се оставени на ѕидот на оваа група и изнесува вкупно 2.970 коментари.

Интересен е и податокот дека формирањето на групата беше инспирација за отворање на повеќе од 10 Фејсбук групи со провокативна, но мошне креативна содржина (Некои примери: Вистинската жена никогаш НЕ удира маж, Вистинскиот маж и вистинската жена секогаш меѓусебно се плескаат, Вистинската жена редовно си го тепка мажот). Целосна табела со имињата и бројот на членови на групите е дадена во подолу.

Потсетуваме дека користењето на Фејсбук и другите социјални медиуми во промоцијата на кампањи кои промовираат демократски вредности и остварување на човековите права и слободи е од непроценливо значење. Најдобар доказ за тоа е статистиката која покажува дека досега од Македонија има регистрирани над 420.000 Фејсбук профили на возраст од 13 години па нагоре.

Граѓаните имаат директна можност да објават свој коментар за кампањите или за конкретни активности во рамки на истите, но и да навлезат во директна дебата и дијалог со другите членови на групата. Понатаму, членовите на групата се редовно информирани и канети на настаните и активностите кои кампањата ги организира.

НАПОМЕНА: Националната кампања за превенција на семејното насилство се имплементира како заедничка програма на Обединетите нации (UNFPA, UNDP, UNICEF, UNIFEM & WHO) и Министерството за труд и социјална политика.

Ова истражување спроведено од ИДУЕП е во насока на поддршка, како и поголема промоција и дебата на кампањата „Вистинскиот маж никогаш НЕ удира жена“.

Сите податоци објавени во ова соопштение, содржат бројки и статистики заклучно со ден Сабота, 14. 11. 2009 година.

Поврзани соддржини

Leave a Comment