Интернет Манифест

КАКО ФУНКЦИОНИРА НОВИНАРСТВОТО ДЕНЕС. СЕДУМНАЕСЕТ ТОЧКИ (МИСЛЕЊА).

Група од петнаесетина германски новинари и блогери активисти (погледнете го крајот на блогот) во текот на месец јули 2009 година го објавија Интернет-Манифестот на германски јазик. Се работи за иднината на онлајн новинарството во 17 точки. Во моментот на пишување на овој блог, после само осум дена од неговото објавување, веќе е преведен на 15 јазици. ИДУЕП сака да придонесе, а за таа цел Ви го претставуваме неговиот превод на македонски јазик.

1. ИНТЕРНЕТОТ Е ПОИНАКОВ
Интернетот произведува разни јавни сфери, различни услови на размена и ја пренесува вештината на различните култури. Наместо да ја игнорираат или предизвикуваат, медиумите мора да ги приспособат своите работни методи на денешната технолошка стварност. Нивната должност е врз основа на достапната технологија да развијат најдобар моќен облик на новинарство. Ова вклучува нови новинарски производи и методи.

2.ИНТЕРНЕТОТ Е ЏЕБНО МЕДИУМСКО ЦАРСТВО
Web-от ја преуредува постоечката медиумска структура, совладувајќи ги нејзините поранешни граници и олигополи. Објавувањето и ширењето на медиумските содржини веќе не се поврзани со големи инвестиции. Новинарската самосвест, за среќа се лечи од својата “заштита со висок ѕид”. Се што ќе остане е квалитет на новинарството по кој новинарството се разликува од обичното објавување.

3. ИНТЕРНЕТОТ Е НАШЕ ОПШТЕСТВО– НАШЕТО ОПШТЕСТВО Е ИНТЕРНЕТОТ
Платформите базирани на Web, како што се социјалните мрежи, Википедија или YouTube станаа дел од секојдневниот живот за повеќето луѓе од западниот свет. Достапни се како телефонот или телевизијата. Ако медиумските куќи сакаат и понатаму да постојат, мораат да го разберат начинот на живот на денешните корисници и да ги прифатат нивните форми на комуникација. Тоа вклучува и основни облици на социјална комуникација: слушање и одговарање, исто така познати како дијалог.

4. СЛОБОДАТА НА ИНТЕРНЕТОТ Е НЕПОВРЕДЛИВА
Отворената архитектура на интернетот претставува основен IT закон на Општеството кое комуницира дигитално, и како последица на тоа, закон на новинарството. Нема да биде модифициран поради заштита на посебните комерцијални и политички цели, честопати скриени зад лажните јавни интереси. Без оглед како тоа се прави, блокирањето на пристапот на интернет го загрозува слободниот проток на информации и го расипува нашето основно право, самостојно да го одредуваме нивото на информации.

5. ИНТЕРНЕТОТ ПРЕТСТАВУВА ПОБЕДА НА ИНФОРМАЦИЈАТА
Заради несоодветната технологија, медиумските куќи, центрите за истражување, јавните установи и другите организации се до сега ги составувале и распределувале (определувале, класифицирале) светските информации. Денес секој граѓанин може да постави свој личен филтер на вести, додека пак пребарувачите влегуваат во неверојатното богатство на информации кои порано биле непознати. Денес поединците може да се информираат многу подобро отколку порано.

6. ИНТЕРНЕТОТ ГО МЕНУВА (ПОДОБРУВА) НОВИНАРСТВОТО
Со помош на интернетот, новинарството може да ја исполни својата дрштвено-образовна улога на нов начин. Тоа вклучува претствување на информациите како постојано променлив, непрекинат процес; губењето на непроменливоста на печатените медиуми е од корист. На тие кои сакаат да опстанат во тој нов свет на информации потребни им се нов идеализам, нови новинарски идеи и чувство на задоволство во искористувањето на овие нови можности.

7. НЕТОТ БАРА (ИМА ПОТРЕБА ОД) ВМРЕЖУВАЊЕ
Линковите се врски. Ние се знаеме еден со друг преку врски. Оние кои не ги користат, се исклучуваат себеси од социјалниот дискурс. Истото важи и за web страните на традиционалните медиумски куќи.

8. ЛИНКОВИТЕ НАГРАДУВААТ, ЦИТАТИТЕ УКРАСУВААТ
Пребарувачите и агрегаторите го унапредуваат квалитетот на новинарството: тие ја поттикнуваат можноста на пронаоѓање на исклучителни содржини на долгорочна основа и со тоа се составен дел на новата, вмрежена јавна сфера. Референците ја сочинуваат самата култура на вмрежениот социјален дискурс низ линковите и цитатите, особено вклучувајќи ги оние кои се без одобрение или надоместок на поттикнувачот. Тие секако заслужуваат заштита.

9. ИНТЕРНЕТОТ Е НОВО МЕСТО ЗА ПОЛИТИЧКИ ДИСКУРС
Демократијата почива? на учеството и слободата на информации. Преносот на политичките расправи од традиционалните медиуми на интернет и ширењето на расправите вклучително активното учество на јавноста е една од новите задачи на новинарството.

10. ДЕНЕС СЛОБОДА НА ПЕЧАТОТ ЗНАЧИ СЛОБОДА НА МИСЛЕЊЕТО
Член 5 од германскиот Устав не ги опфаќа заштитните права на професиите или технички традиционалните работни модели. Интернетот ги подига технолошките граници помеѓу аматерите и професионалците. Тоа е причината зошто привилегијата на слободен печат мора да ја има секој кој може да придонесе за исполнувањето на новинарската должност. Говорејќи квалитативно, не би требало да се прави разлика (да се диференцира) меѓу платеното и неплатеното, туку помеѓу добро и лошо новинарство.

11. ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ – НЕ ПОСТОИ НЕШТО ШТО СЕ НАРЕКУВА ПРЕМНОГУ ИНФОРМАЦИИ
Некогаш одамна, на институциите, како црквите, поважна им била власта отколку личната свест. Кога беа измислени машините за печатење, тие институции предупредуваа на нецензурирана поплава од информации. Од друга страна се наоѓаа писателите на памфлети, енциклопедисти и новинари кои докажале дека повеќе информации доведуваат до поголема слобода, како за поединците, така и за друштвото во целост. До ден денес, во тој поглед ништо се нема променето.

12. ТРАДИЦИЈАТА НЕ Е РАБОТЕН МОДЕЛ
Со новинарските содржини на интернет може да се заработат пари. Уште денес за тоа има многу примери. Сепак, бидејќи интернетот е конкурентен, работните модели мора да бидат прилагодени на структурата на нетот. Никој не би требало да се обидува да се сокрие од оваа основна адаптација по пат на создавање на услови кои се насочени на запазување на статус quo. На новинарството му е потребен отворен натпревар за најдобро решение на рефинансирање на интернетот, со храброст да се инвестира во разноврсни имплементации на овие решенија.

13. АВТОРСКИТЕ ПРАВА СТАНУВААТ ГРАЃАНСКА ДОЛЖНОСТ НА ИНТЕРНЕТ
Авторските права се темел на организацијата на информации на интернет. Правата на создавачите да одлучуваат за видот и обемот на ширење на нивната содржина, важат и на нет. Во исто време, авторските права не смеат да бидат искористувани како лост поради осигурување на застарените залихи на механизам и не смеат да исклучуваат нови модели на дистрибуција или модели на лиценца. Сопственоста подразбира обврски.

14. ИНТЕРНЕТОТ ИМА МНОГУ ВАЛУТИ
Новинарските on-line услуги на финансирање по пат на оглас нудат содржини во замена за pull-ефект. Времето на читателите, гледачите или слушателите е драгоцено. Во новинарската индустрија, оваа корелација секогаш била едно од основните начела на финансирање. Треба да се направат и тестираат други облици на рефинансирање кои ќе бидат новинарски оправдани

15. ШТО Е НА НЕТ – ОСТАНУВА НА НЕТ
Интернетот го подига новинарството на ново, поквалитетно ниво. Текстот, звукот и сликите кои се online, веќе не мора да бидат минливи. Тие остануваат достапни, така градејќи ја архивата на современата историја. Новинарството мора да го има предвид развојот на информации, неговото значење и грешки, односно мора да ги признае своите грешки и да ги исправи на транспарентен начин.

16. КВАЛИТЕТОТ ОСТАНУВА НАЈГОЛЕМА ДОБЛЕСТ
Интернетот ги разоткрива хомогените купови на производи. Само одличните, веродостојните и исклучителните нешта, ќе можат да обезбедат верна клиентела на долги патеки. Барањата на корисниците се зголемија. Тие барања новинарството мора да ги исполни и мора да се придржува до сопствените, редовно адатпирани начела.

17. СИТЕ ЗА СИТЕ
Web-от создава инфраструктура за друштвена размена која е посупериорна од масовните медиуми на 20. век: кога се двоумите, “Википедија генерацијата” е способна да ја процени веродостојноста на изворот, следејќи ги вестите до нивниот оригинален извор со истражување, проверка и проценка – самостојно или како дел од групен труд. Новинарите со професионална гордост кои не се подготвени да ги почитуваат овие вештини, не се сфаќаат сериозно од страна на корисниците на интернетот. И тоа со право. Интернетот овозможува директно да се комуницира со оние кои некогаш беа познати како приматели- читатели, слушатели и гледачи – и да се искористи нивното знаење. Не ни се потребни новинари кои знаат се, туку новинари кои комуницираат и истражуваат.

Автори на текстот: Маркус Бекедал, Мерцедес Бунц, Јулиус Ендерт, Џони Хојзлер, Томас Книвер, Саша Лобо, Робин Мејер-Лухт, Волфганг Михал, Штефан Ниггемајер, Катрин Пасиг, Јанко Ретгерс, Петер Шинк, Марио Зикстус, Петер Штавови, Фите Штегерс

 

Превод на оригиналот од германски јазик за потребите на ИДУЕП е направен од страна на Центарот за преводи и курсеви „Ин и Аут“

Поврзани соддржини

Leave a Comment