Водич за спречување на корупцијата во високото образование

Што е корупција, кои се најчестите ризици за корупција, како се манифестира корупцијата во високото образование, но и како да се бориме против оваа негативна појава – ова се само дел од темите со кои се занимава Водичот за спречување на корупцијата во високото образование кој е изработен во рамки на Проектот за борба против корупција, превенција и пријавување одобрен во рамки на Стејт департментот на САД и Меѓународниот центар „Меридијан“, а како дел од Иницијативата „IVLP Impact Awards“. Автор на овој Водич е Оливера Нечовска, а координатор на Проектот…

Конкретни предлози за воведување или подобрување на е-услугите и е-наставата на универзитетите – Заврши Digi Edu хакатонот во организација на ИДУЕП и ФНФ

Со конкретни студентски предлози за брза и одржлива дигитализација во високото образование кои ставаат фокус на е-наставата и е-услугите на универзитетите во земјава бе комплетирани заклучоците од дводневниот „Диги образованиот хакатон“ кој се одржа на 18 и 19.12.2023 година во просториите на „Млади Хаб“ во Скопје, а во рамките на кој студенти претставници на различни универзитетски студентски собранија изнаоѓа конкретни решенија за спроведување на брза и одржлива дигитализација во високото образование. Ментори на целиот процес беа пратеничките Моника Зајкова и Марија Петрушевска, претставници на Клубот за младински прашања и политики…

Digi Edu Hackathon со цел изнаоѓање на решенија за брза и одржлива дигитализација во високото образование

Денес, 18.12.2023 година започнува „Диги образованиот хакатон“ на кој студенти претставници на различни универзитетски студентски собранија ќе изнаоѓаат конкретни решенија за спроведување на брза и одржлива дигитализација во високото образование. Целта на Хакатонот е заедничка работа и дружење помеѓу претставниците и претставничките на универзитетските студентски собранија кои во текот на двата дена ќе работат на конкретни идеи за примена на дигитална трансформација на универзитетите. Тие, своите идеи, заедно со пратеници, професори и претставниците на граѓанските организации ќе ги обликуваат во форма на финални заклучоци и предлози за законски измени кои…

Проектот за дигитални реформи во високото образование презентиран пред дел од универзитетите

Членови на АЛПИ програмата, претставници на ИРИ и на ИДУЕП остварија работни средби во ректоратите на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, универзитетот на ЈИЕ во Тетово, како и универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Одделните средби се одржаа во периодот декември 2022 и јануари 2023 година, а беа реализирани со ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски, проректорката за настава при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Христина Спасевска и сo проректорот за академско планирање и за дигитализација при ЈИЕ Универзитетот, проф. д-р Адриан Бесими. На…