„Градење на двонасочна комуникација – Информации и податоци за млади, како ги комуницираме?“ е насловот на обуката која се одржа во периодот 16 до 18 февруари во Скопје. Оваа обука беше организирана од страна на Младинскиот сојуз – Крушево, а во рамките на проектот „WB & T for EmploYouth“ кој е финансиран од страна на Европската Унија (ЕУ). Целта беше зајакнување на соработката на релација граѓански сектор и медиуми со цел актуализација на младинските прашања, особено на предизвиците за вработување на млади, но и корупцијата како важна тема за младите…
Tag: двонасочна комуникација
ИДУЕП Анализа: Јавните функционери со зголемено присуство на социјалните медиуми во 2020 година
119 од вкупно 120 пратеници биле присутни на најмалку еден социјален медиуми во 2020 година. Носителите на извршната власт – Претседателот и Владата во целост биле онлајн, а бројот на активни градоначалници на социјалните медиуми пораснал за 3 споредено со 2019 година и изнесува 74 од вкупно 81. Двонасочната комуникација останува предизвик и за 2021 година, покажа редовната годишна Анализа на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). За потребите на Институтот анализата ја изработи Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми, а активно беа вклучени…
Одржана обука за општина Валандово како основа за пишување на комуникациска стратегија
Тимот на ИДУЕП одржа еднодневна обука за двонасочна комуникација , транспарентност и дигитализација на локално ниво за дел од вработените во општина Валандово. На овој начин започна процесот на подготовка на комуникациска стратегија за потребите на Општината. Стратегијата ќе се стреми кон дополнително зголемување на транспарентноста и отчетноста, како и поголемо вклучување на граѓаните во процесите на одлучување на локално ниво. Оваа активност произлегува од минатогодишниот Меморандум за соработка склучен помеѓу Инстутутот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и општина Валандово. Целта на Меморандумот е поддршка на зголемена транспарентност,…
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИДУЕП и општина Гази Баба
Поддршка за општините во процесот на двонасочна комуникација со граѓаните и дигитализација – ова е целта на потпишаниот Меморандум за соработка на ИДУЕП со градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Георгиевски. Јакнењето на транспарентноста и отчетноста во работата на општината, како и двонасочната комуникација и подобрување на јавните услуги за граѓаните остануваат врвен приоритет и основа за подобрување во работата на општина Гази Баба.
ИДУЕП потпиша меморандум за соработка со општина Могила
ИДУЕП дава поддршка за сите општини во процесот на двонасочна комуникација со граѓаните, како и во сферата на дигитализација. За таа цел, беше потпишан Меморандум за соработка со градоначалничката на општина Могила, Јасмина Гулевска. Со потпишаниот Меморандум се предвидува унапредување на соработката и се истакнува заложбата за општинско дејствување во сферата на доброто управување, со особен акцент на транспарентноста, отчетноста и дигитализацијата. Меморандумот не предвидува никакви финансиски обврски на општината кон Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи. Ваков тип на меморандуми за соработка ИДУЕП веќе склучи со општините Карпош,…
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИДУЕП и општина Крушево
Отвореноста и транспарентноста на градоначалниците во голема мера се пренесува на работата на општинските администрации и квалитетот на живот на сите граѓани. Исто така, социјалните медиуми и другите дигитални платформи во денешно време се голема поддршка за привлекување туристи од целиот свет и промоција на природните убавини и изградените туристички атракции на локално ниво. ИДУЕП продолжува да дава несебична поддршка за општините во процесот на двонасочна комуникација со граѓаните и процесите на дигитализација на нивните услуги. За таа цел, денес потпишавме Меморандум за соработка со општина Крушево и градоначалникот Томе…
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИДУЕП и општина Карпош – Транспарентноста и дигитализацијата во фокусот
Поддршка за општините во процесот на двонасочна комуникација со граѓаните и процесот на дигитализација во интерес на поголемо остварување на правата од страна на граѓаните. Со потпишаниот Меморандум помеѓу ИДУЕП и општина Карпош и нејзиниот градоначалник Стефан Богоев се предвидува унапредување на соработката и заложба за постојано дејствување во сферата на доброто управување, со особен акцент на транспарентноста, отчетноста и дигитализацијата. Меморандумот не предвидува никакви финансиски обврски на општината кон Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи. Дополнително, како иницијатива за заеднички проект произлезе идејата за изготвување на заеднички публикации…