На 9 и 10 јули 2024 година во Тбилиси, Грузија се одржа дводневната Меѓународна конференција насловена „Проширување на ЕУ – Геополитичка реалност и следни чекори за земјите-кандидати за членство во ЕУ“. Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) беше претставен од страна на комуникологот и претседател на Институтот, м-р Бојан Кордалов. Тој беше поканет да учествува со свој воведен говор и препораки во рамките на панелот „FIGHT AGAINST CORRUPTION: Effectiveness of Anti-Corruption Bureaus“, каде заедно со претставници на тинк-тенк организации од Молдавија, Украина и Грузија беа споделени мислења и…
Category: ТОП ВЕСТИ
Младите нудат решенија за справување со корупцијата – Одржан младински хакатон во Охрид
20 млади луѓе од целата земја активно учествуваа и бараа ефикасни младински решенија за справување со проблемите предизвикани од корупцијата во рамки на тродневниот хакатон на тема „DigiYouth against Corruption“. Хакатонот се одржа од 5ти до 7ми јули 2024 година во Охрид, а во организација на Младинскиот сојуз од Крушево во партнерство со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата Фридрих Науман. Младите учеснички и учесници беа поделени во 6 подгрупи, а под менторство на Анелија Митрова, оперативна координаторка во Младински сојуз, Андреј Стојкоски, проектен асистент во…
Анализата за користење на социјалните медиуми на ИДУЕП претставена на Меѓународната ПОИНТ конференција
На 12. издание на Меѓународната ПОИНТ конференција која се одржа во Сараево, БиХ, беше презентиран успешниот модел на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и иновативната Анализа за користењето на социјалните медиуми од страна на јавните институции и функционери која Институтот ја спроведува од 2009 година до денес. Говорник на еден од панелите на кои се презентираа успешни примери на активности од светот беше комуниколог и претседател на ИДУЕП Институтот, како и автор на овие Анализи, Бојан Кордалов. Панелот беше модериран од страна на Далио Сијах од ГО…
Отворен повик: Младински хакатон за решенија за справување со корупцијата
Младинскиот сојуз од Крушево во партнерство со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата Фридрих Науман, распишува јавен повик за учесници за тродневен хакатон на тема „DigiYouth against Corruption“. Хакатонот ќе се организира од 5ти до 7ми јули 2024 година, во Охрид. Ангажирањето на младите од земјава во борбата против корупцијата е од витално значење за градење транспарентна и одговорна иднина. Како лидери на утрешниот ден, вклученостa на младите обезбедува развој на општество вкоренети во интегритет и правда. Младите луѓе носат свежи перспективи, иновативни решенија и силно…
Работен состанок помеѓу ИДУЕП и NED
Во просториите на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во Скопје се одржа информативна средба со Алексеј Демјански, програмски офицер за Европа во рамките на канцеларијата на National Endowment for Democracy (NED) во Вашингтон, САД. Целта на средбата беше претставување на работата на ИДУЕП Институтот и основните заложби на организацијата, како и разговарање за можностите за соработки кои преку своите програми ги нуди NED.
Дебата на ИДУЕП: Дигитализацијата е натпартиско прашање особено кога ги засега приоритетите на младите
Во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во Студентскиот културен центар се одржа онлајн дебатата „Digi Youth Dialogue“, на која главен фокус беше ставен на младите и дигитализацијата. Панелисти на настанот беа Моника Зајкова, координаторка на Клубот за младински прашања и политики во Собранието, Стефан Андоновски, дополнителен заменик министер во МИОА и Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на ИДУЕП. Дигитализацијата е еден од процесите за справување со корупцијата и со денешната дебата се покажува дека приоритетот на граѓаните, а особено прашањата кои се важни за младите…
Покана за учество во дебата на ИДУЕП насловена „Digi Youth Dialogue“
Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) има чест да ве покани на онлајн дебатата „Digi Youth Dialogue“ која ќе се одржи утре (11.04.2024) со почеток во 12 часот , а на која говорници ќе бидат: Моника Зајкова, координаторка на Клубот за младински прашања и политики во Собранието, Стефан Андоновски, дополнителен заменик министер во МИОА и Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на ИДУЕП. Целта на оваа дебата е поттикнување на општествен дијалог и поддршка на процесот на дигитализација како и дополнително вмрежување помеѓу младите, младинските граѓански организации и општествените…
ИДУЕП со поддршка за Интердисциплинарната студентска конференција 2024
Во годината во која Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) прославува 15 години од своето постоење, одлучивме да организираме 15 општествено активни настани. Еден од настаните го организиравме заедно со Универзитетско студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) како поддршка за студентите на најголемиот македонски универзитет преку одржување на работилница на тема “Моќта на јавното говерење/The power of public speaking” на која предавач беше комуникологот и претседател на Институтот, Бојан Кордалов. Работилницата беше одлично посетена и целосно интерактивна, со фокус на прашањата и мислењата на студентите…
ИДУЕП во 2023 година – Зад нас оставаме година на многу соработки и заеднички успеси!
Правејќи ја годишната анализа или сумирање на впечатоците за сѐ што реализираше тимот на ИДУЕП во 2023 година, навистина има многу на што треба да бидеме горди и задоволни од сработеното. Многу соработки, започнати и реализирани иницијативи, проекти, огромен број на нови партнери и сојузници, како и интернационализација на проектните активности на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи. Но, да се обидеме во кратки црти да презентираме што направи ИДУЕП минатата година, секако со огромна ваша поддршка и придонес во текот на целата година! Изработивме 5 публикации и…
Среќни празници!
Тимот на ИДУЕП посакува исполнување на сите ваши желби на личен и професионален план во Новата 2024 Година! Нека ова биде година во која општеството ќе оди напред, подобро ќе се разбираме едни со други, но и година која ќе биде бериќетна за секоја личност! Со почит, Институт за добро управување и евроатлантски перспективи
