На 24.11.2025 (понеделник) со почеток од 14:00 часот во локалот „Лафе“ (https://maps.app.goo.gl/E8pu24VNkp4WDW9u6) ќе се одржи кафе-презентација на публикација ,,Справување со младинскиот евроскептицизам во земјите од Западен Балкан, со фокус на Македонија“ заедно со претставнички и претставници од различни младински граѓански организации и младински активисти.
Публикацијата е реализирана во соработка помеѓу Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), Фондацијата „Фридрих Науман“ и Европскиот центар за извонредност (ЕЦЕ Брисел). Публикацијата претходно беше промовирана во Европскиот парламент во Брисел, како и во Собранието на Република Северна Македонија. Коавтори се Бојан Кордалов (ECE Brussels) и Теодора Ставрова (ИДУЕП Скопје), а уредник е Ивајло Цонев.
Целта на оваа публикација е да ги разгледа причините кои водат до појава на евроскептицизмот помеѓу младите, а особено да се фокусира на предлози, решенија и иницијативи кои националните власти, како и институциите на ЕУ би можеле во партнерство да ги преземат со цел справување со ваквите тенденции, како и овозможување на европски можности за младите од земјата и регионот.
За потребите на публикацијата, а во соработка со најголемата македонска младинска платформа „Студентарија.мк“ беше спроведена и онлајн анкета на оваа тема на која одговорија над 1.000 млади луѓе, од кои најголем дел се актуелни студенти.
Го очекуваме Вашето присуство со одговор на contact@iduep.org.mk (контакт лице: Ана Шоповска, помлада истражувачка во ИДУЕП Институт).
