На 24.11.2025 (понеделник) со почеток од 14:00 часот во локалот „Лафе“ (https://maps.app.goo.gl/E8pu24VNkp4WDW9u6) ќе се одржи кафе-презентација на публикација ,,Справување со младинскиот евроскептицизам во земјите од Западен Балкан, со фокус на Македонија“ заедно со претставнички и претставници од различни младински граѓански организации и младински активисти. Публикацијата е реализирана во соработка помеѓу Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), Фондацијата „Фридрих Науман“ и Европскиот центар за извонредност (ЕЦЕ Брисел). Публикацијата претходно беше промовирана во Европскиот парламент во Брисел, како и во Собранието на Република Северна Македонија. Коавтори се Бојан Кордалов (ECE…
