Младинска дебата: „Каков изборен модел ни треба за посилна демократија?“

На ден 15.9.2022 година, четврток, со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи отворена младинска дебата на тема „Каков изборен модел ни треба за посилна демократија?“. Организатори на настанот се Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП) и Клубот за младински прашања и политики во кој членуваат пратеници и пратенички од различни политички партии и коалиции на возраст до 35 години. Место на одржување на настанот е Собранието (сала „Борис Трајковски“).

Во дебатата на оваа важна општествена тема, заедно со пратениците ќе дискутираат и повеќе од 30 млади алумнисти од НДИ, ИРИ, ИФЕС, Младински Европски амбасадори (ЕУД/WeBalkan), како и младински активисти на Евроатлантскиот совет, Младинскиот сојуз, Сојузот на средношколци и ИДУЕП.

Главна тема и идеја на настанот е споделување на лични мислења, ставови и експертиза од страна на сите присутни, со што на инклузивен начин и преку демократска комуникација би се разговарало за потребата за измена на изборниот модел и како тој би изгледал креиран низ перспективата на младите. Оваа активност е дел од напорите на ИДУЕП да ја истакне потребата од јавна аргументирана дебата за важни општествени теми во која главниот збор ќе го имаат младите како сегашни и идни креатори на политики, а е прва од серијата настани кои ќе се организираат заедно со собранискиот Клуб за младински прашања и политики.

Повод за организирањето на овој настан е одбележувањето на денешниот Меѓународен ден на демократијата, а вкупното времетраење е предвидено да изнесува помеѓу 90 и 120 минути.

Поврзани соддржини

Leave a Comment