Сојузот на средношколци и ИДУЕП започнаа со онлајн кампањата „Поддржувам средношколска демократија“

Со видео објаснување за иницијативата и отворена покана за поддршка и приклучување започна онлајн кампањата „Поддржувам средношколска демократија“, која претставува заедничката иницијатива на Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ) и Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП), насловена „Лидер(ка) на училиште, лидер(ка) во иднината“. Официјалниот хаштаг на кампањата е #ЗаСредношколскаДемократија, а воведното видео на претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ може да го погледнете тука:

Средношколското организирање е клучно за канализирањето на гласот на средношколците на сите општествени нивоа – почнувајќи од нивото на поединечен клас и завршувајќи со државното. Средношколското организирање ги учи младите на демократија и практикување на демократските вредности и норми. Тоа создава лидер(к)и на иднината.

Како да земете учество и да ја поддржите оваа иницијатива?

Доколку одлучите да земете учество во нашата онлајн кампањата „Поддржувам средношколска демократија“, Вие ќе имате две опции. Првата подразбира текстуален одговор (најмногу три кратки пасуси – сè заедно не повеќе од 200 збора), кој ќе биде објавен на Фејсбук и Инстаграм. На текстот ќе се прикачи Ваша фотографија со официјалната рамка на иницијативата (во прилог).

Втората опција е идентична со првата, но наместо преку текст, овојпат одговорате со видео. Видеото потоа ќе биде објавено на Фејсбук и Инстаграм. Видеото може да биде снимано од каков било уред.

Како да изгледа текстот/видеото?

1. Вовед: Наведете име и презиме, позиција/професија, други релевантни детали по Ваш избор.

2. Кога бев средношколец/ средношколка… Продолжете ја реченицата по Ваш начин, вкус и стил. Споделете дел од Вашето средношколско искуство со јавноста. Ваша уникатна порака.

3. Зошто ја поддржувам иницијативата на Сојузот на средношколци и ИДУЕП за подобро средношколско организирање? Споделете го Вашиот личен став по однос на ова прашање. Објаснете зошто мислите дека треба да се подобри средношколското организирање.

4. Како активноста на младите придонесува за подобро општество? Повторно, споделете лично мислење.

5. Заклучок: Кратка порака за крај. Бидете креативни!

 

Вашите материјали може да ги испратите на e-mail адресата на Сојузот: unshm.mk@gmail.com

Поврзани соддржини

Leave a Comment