Настан за промоција на публикација – прирачник „Дигитална трансформација кон е-општини“

На ден 8 февруари 2022 година, вторник, со почеток во 11 часот ќе се одржи онлајн промоција на публикацијата – Прирачник „Дигитална трансформација кон е-општини – Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?“.

Настанот е во организација на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата „Фридрих Науман“, а во соработка со Министерството за локална самоуправа.

Овој настан цели кон поттикнување на поширока јавна дебата, како и споделување на успешни примери на дигитална трансформација на општинско ниво, но и вакви конкретни пракси пошироко во светот. Тој е прв од серијата на јавни настани преку кои организаторите ќе се обидат да охрабрат спроведување на онлајн платформи, апликации и други алатки во работата на ЕЛС со цел воведување на брзи, неселективни и широко распространети дигитални можности за граѓаните и правните лица.

 

АГЕНДА

Дигитална трансформација кон е-општини

Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?

Вторник, 8.2.2022 година, 11 – 15:15 часот

 

11:00 – 11:20     Отворање на настанот

Горан Милевски, Министер за локална самоуправа на Република Северна Македонија

Божидар Божанов – Министер за е-Влада и дигитализација на Република Бугарија (видео обраќање)

Мартин Коте – регионален директор за Источна и Југоисточна Европа, Фондација „Фридрих Науман“ (видео обраќање)

 

11:20 – 11:30     Промоција на публикацијата – Прирачник „Дигитална трансформација кон е-општини“

Бојан Кордалов, комуниколог и коавтор на Прирачникот

 

11:30 – 13:00     Панел дебата на тема „Градење на соработка и партнерства со цел успешна дигитална трансформација“

Душица Перишиќ, Извршна директорка на ЗЕЛС

Моника Зајкова, пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија

Лазо Петрушевски, ИТ секторот на град Скопје

Модератор и воведничар: Тоше Зафиров, коавтор на Прирачникот

 

13:00 – 13:30     Кафе пауза

 

13:30 – 15:00     Панел дебата на тема „Следни чекори и предизвици за одржлива дигитализација на локално ниво“

Перо Костадинов, градоначалник на о. Валандово и потпретседател на ЗЕЛС

Милан Танчески, извршен директор на „БЛИНК 42-21“

Мила Јосифовска Даниловска, програмска координаторка, Фондација Метаморфизис

Модератор и воведничар: Бојан Кордалов, комуниколог и коавтор на Прирачникот

 

15:00 – 15:15     Финална дебата и заклучоци

Ивајло Цонев, Проектен координатор, Фондација „Фридрих Науман“

Поврзани соддржини

Leave a Comment