ИДУЕП започнува со серија на јавни дебати насловени „Што сакаат младите?“

Со цел подигнување на јавната свест за вклучување на младите луѓе во процесите на одлучување и владеење на сите нивоа на власта, особено кај општествените чинители, Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) започнува со организирање на серија на јавни дебати насловени „Што сакаат младите?“. Првата од серијата јавни дебати се одржа на ден 16.6.2021 година, среда, со почеток во 11 часот, во дворот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Панелисти на оваа дебата се Бленди Ходаи, основач на Сојузот на средношколци и активист, Александар Каратошо, Млад европски…

ИДУЕП со 3 конкретни предлози за поквалитетен живот на граѓаните преку воведување и практична примена на дигитализација на услугите

Според сите анализи за присуство во медиумите, дигиталната агенда и дебата станува сè поактуелна во платформите и настапите на општествено-политичките чинители на сите нивоа, а истовремено голем број од нив сметаат дека е потребна одржлива дигитализација која ќе биде насочена исклучиво кон потребите на граѓаните и олеснувањето на животот и работните активности на секое физичко и правно лице. Истовремено, темата за дигитална трансформација интензивно се наметна со појавувањето на пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот. Пандемијата ги мотивираше сите општества да дејствуваат брзо и да се прилагодуваат на алтернативни начини на…

Општествените чинители ја препознаваат потребата од аргументирана дебата за дигитализација на образованието

Воведувањето на дигитални алатки во образованието и понатаму останува многу сериозна тема во македонското општество, која одлучува за иднината на денешните генерации ученици и студенти, но и за перспективите на целата земја. Од овие причини, како врвен приоритет мора да остане инклузивната и демократска, односно дебатата базирана на различни аргументи, мислења и ставови помеѓу сите образовни и воопшто општествено-политички чинители. Независно дали и каква одлука финално ќе биде донесена за осовременувањето на образованието, дигитализацијата е процес кој треба да биде долгорочен, да обединува, а секоја одлука за осовременување на воспитно-образовниот…

Општина Шуто Оризари ја поддржа Декларацијата на ИДУЕП за инклузивна дебата за осовременување на образованието

„Општина Шуто Оризари ја поддржува Декларацијата на ИДУЕП за водење на дебата за дигитализација на образованието. Таквите иницијативи се од големо значење за иднината на денешните генерации ученици и студенти и таквите практики преставуваат единствен начин на кој може да се носат инклузивни решенија од интерес на сите граѓани“ – ова е пораката на Рамиза Сакип, Советничка за образование во општина Шуто Оризари испратена до Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). За таа цел, градоначалникот Курто Дудуш во име на Општината Шуто Оризари даде и поддршка на иницијативата…

Општина Свети Николе со поддршка за Декларацијата на ИДУЕП за инклузивна дебата за осовременување на образованието

Градоначалникот Сашо Велковски во име на Општина Свети Николе даде поддршка на иницијативата на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) преточена во Декларацијата која има за цел да послужи како основа за водење на инклузивна и аргументирана дебата на тема осовременување и одржлива дигитализација на образованието. Кабинетот на претседателот на Републиката испрати одговор до ИДУЕП за оваа иницијатива на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи. Во одговорот од Кабинетот на претседателот Пендаровски, меѓу другото, се истакнува дека претседателот внимателно ги следи случувањата поврзани со дигитализација на образованието…

Кабинет на ПРСМ до ИДУЕП: Само со суштинска и сеопфатна дискусија до одржливи и целисходни законски решенија

Кабинетот на претседателот на Републиката со одговор до ИДУЕП за иницијативата на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи преточена во Декларацијата која има за цел да послужи како основа за водење на инклузивна и аргументирана дебата на тема осовременување и одржлива дигитализација на образованието. Во одговорот од Кабинетот на претседателот Пендаровски, меѓу другото, се истакнува дека претседателот внимателно ги следи случувањата поврзани со дигитализација на образованието и очекува дискусијата да се интензивира во институциите, односно во Парламентот, без оглед колку ќе трае дебатата во комисиите или во другите форми на…

Политичката партија ДОМ со поддршка на Декларацијата на ИДУЕП

Политичката партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја потпиша Декларацијата на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) која има за цел да послужи како основа за водење на инклузивна и аргументирана дебата на тема осовременување и одржлива дигитализација на образованието. Министерството за образование и наука (МОН) по однос на иницијативата испрати и официјален одговор до ИДУЕП во кој, меѓу другото, нагласи и дека секоја промена во образованието Министерството ја води транспарентно, со учество на сите засегнати страни и експертската јавност. Целиот допис од МОН до Институтот е достапен…

Кабинет на ПРСМ до ИДУЕП: Работиме на неколку фази на дигитализација

Кабинетот на претседателот на Републиката достави одговор на информацијата испратена од страна на ИДУЕП, а во врска со ОДГОВОРОТ од Европската Комисија (DG Connect) на дописот од Институтот во рамки на јавната консултација во однос на „ЕУ дигитална декада – дигитални цели за 2030“. Содржината на одговорот ја објавуваме во целост:

Сојузот на средношколци со поддршка на Декларацијата на ИДУЕП како основа за водење на дебата за осовременување на образованието

Сојузот на средношколците ја поддржа иницијативата на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) која има за цел да послужи како основа за водење на инклузивна и аргументирана дебата на тема осовременување на образованието. За таа цел, Сојузот ја потпиша и Декларацијата изготвена од ИДУЕП: Министерството за образование и наука (МОН) по однос на иницијативата испрати и официјален одговор до ИДУЕП во кој, меѓу другото, нагласи и дека секоја промена во образованието Министерството ја води транспарентно, со учество на сите засегнати страни и експертската јавност. Целиот допис од МОН…

МОН до ИДУЕП: Секоја промена во образованието ја водиме транспарентно со учество на сите засегнати страни и експертската јавност

Врз основа на доставената ИНИЦИЈАТИВА на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и ДЕКЛАРАЦИЈА како основа за водење на дебата за осовременување на образованието, пристигна одговор од страна на Министерството за образование и наука (МОН) кој го пренесуваме во целост: „Министерството за образование и наука изразува благодарност за доставената декларација од Ваша страна, како основа за водење на дебата за осовременување на образованието. Ве известуваме дека секоја промена која ја креираме во насока на обезбедување подобар квалитет на националниот образовен систем во целина и во одреден сегмент, како…