ИДУЕП ја подготвува годишната Анализа за степенот користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери

Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) ја изготвува редовната годишна Анализа за користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери и јавните институции кои тие ги раководат.

За потребите на Институтот анализата ја изработува м-р Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација. Трета година по ред во нејзината изработка ИДУЕП активно вклучува и студенти од отсекот „Односи со јавност“ при Правниот факултет во Скопје. Целта на оваа заедничка активност е стекнување на практични вештини и имплементирање на академското искуство кое студентите го имаат во рамките на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација на ИДУЕП.

Во изработката на редовната годишна Анализа за 2021 година се вклучени Јана Мировска, Магдалена Ристовска, Дарко Беровски, Елена Димчевска, Виолета Огњановска и Теа Димковска – студенти од втора година на отсекот „Односи со јавност“ при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Заедно со студентите беше одржана и координативна средба пред финализацијата на Анализата и презентацијата на добиените резултати пред медиумите и целокупната јавност. Институтот искажува голема благодарност до професорката Јасна Бачовска Недиќ и Правниот факултет кои веќе трета година ја препознаваат потребата од практична настава на своите студенти во делот на односите со јавноста и се вклучуваат во Програмата за транспарентност и дигитализација на ИДУЕП.

Поврзани соддржини

Leave a Comment