Претседателот Пендаровски со поддршка за КСЗД и ИДУЕП во борбата против дискриминирачкиот говор

Претседателот Стево Пендаровски со позитивен одговор на барањето на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) за поддршка во форма на покровителство за справување со дискриминирачкиот говор и другите негативни појави на интернет. „Би сакал најпрво да Ви честитам на досегашните активности поврзани со подигање на свеста за дискриминирачкиот говор,  кој за жал е особено присутен на социјалните медиуми и дигиталните платформи. Несомнено со потпишаниот Меморандум за соработка со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) отворате пат за заедничко дејствување и споделување на знаења и ресурси.  Секако…

Претседателот Пендаровски со поддршка за иницијативата „Лидер(ка) на училиште, лидер(ка) во иднината“

Претседателот Стево Пендаровски се сретна со претставници од Сојузот на средношколци, кои го информираа за досегашните и идни активности во рамки на иницијативата „Лидер(ка) на училиште, лидер(ка) во иднината“, која се од минатата година се реализира во соработка со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Средношколците го запознаа Претседателот со заложбите за реформирање и подобрување на ученичкото организирање. Тие информираа за финализацијата на предлог-законското решение, со кое по првпат во државата ќе се регулира средношколското организирање, а преку кое се предвидува организирање на директни избори од страна на…

Одржана конференција на тема „Дигитализација“ во рамки на француското претседателство со ЕУ

Потребна е медиумска и дигитална писменост и фокус на спроведување на одржлива дигитализација – беше заклучокот на Конференцијата на тема „Дигитализација“ која се одржа во Прилеп, а во рамки на француското претседателство со Европската Унија. Конференцијата беше во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот Институт, а беше отворена од страна на претседателот Стево Пендаровски, францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески. Панелисти на Конференцијата „Дигитализација“ беа Беноа Лутрел, член на Советот за регулација на аудиовизуелна и дигитална комуникација, поранешен директор за односи со јавност во…