Поддршка за општина Битола за поголема транспарентност, отчетност и дигитализација

Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска оствари средба со претседателот на Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП), Бојан Кордалов.  На средбата Кордалов посочи дека е потребна поголема поддршка до локалните самоуправи во наведените процеси, со цел граѓаните да добијат повидливи услуги во насока на олеснување на секојдевното живеење. Институтот предлага да се потпише Меморандум за соработка со Општина Битола, со кој се става во функција натамошната взаемна соработка на повеќе полиња. Градоначалничката посочи дека секоја соработка е добредојдена, особено онаа која ја вклучува транспарентноста, отчетноста, но и дигитализацијата,…

ИДУЕП потпиша меморандум за соработка со општина Крива Паланка

Сите јавни институции мора континуирано да ја подобруваат својата отвореност кон медиумите и граѓаните – ова беше уште еднаш потврдено на заедничката средба на претставници на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. За таа цел, на средбата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИДУЕП и општина Крива Паланка. Со овие меморандуми кои ги склучуваме во континуитет, ИДУЕП ги поттикнува единиците за локална самоуправа на унапредување на соработката и заложба за постојано дејствување во сферата на доброто управување, со особен акцент…

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИДУЕП и општина Гази Баба

Поддршка за општините во процесот на двонасочна комуникација со граѓаните и дигитализација – ова е целта на потпишаниот Меморандум за соработка на ИДУЕП со градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Георгиевски. Јакнењето на транспарентноста и отчетноста во работата на општината, како и двонасочната комуникација и подобрување на јавните услуги за граѓаните остануваат врвен приоритет и основа за подобрување во работата на општина Гази Баба.

ИДУЕП потпиша меморандум за соработка со општина Могила

ИДУЕП дава поддршка за сите општини во процесот на двонасочна комуникација со граѓаните, како и во сферата на дигитализација. За таа цел, беше потпишан Меморандум за соработка со  градоначалничката на општина Могила, Јасмина Гулевска. Со потпишаниот Меморандум се предвидува унапредување на соработката и се истакнува заложбата за општинско дејствување во сферата на доброто управување, со особен акцент на транспарентноста, отчетноста и дигитализацијата. Меморандумот не предвидува никакви финансиски обврски на општината кон Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи. Ваков тип на меморандуми за соработка ИДУЕП веќе склучи со општините Карпош,…