„Остави трага“ од Кавадарци: Заедно даваме пример дека младите луѓе ни се важни, да бидеме нивна лична мотивација и поттик

Плоштадот во Кавадарци беше централното место каде се одржа петтиот од низата на јавни настани за подигање на јавната свест помеѓу младите луѓе, насловен „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“. На едно место се обединија претставници на централната и локалната власт со цел давање поттик за младите луѓе да бидат поактивни и повеќе вклучени со свои иницијативи во обликувањето и менувањето на општеството. Спојот на раскажани успешни и мотивациски лични приказни, како и драмата, музиката и уметноста беа само дел од начините преку кои караванот допре до…

Караванот „Остави трага“ во Кавадарци – Со успешни приказни заеднички да ги поттикнеме младите да бидат активни чинители во општеството

Караванот „Остави трага“, кој има за цел да поттикне младинска активација, но и да пренесе пораки на еднаквост и толеранција низ целата земја, продолжува со петтиот од серијата на настани за подигање на јавната свест, кој ќе се одржи во Кавадарци на 23.8.2023 година со почеток во 19 часот во паркот „Кавадарци“, во непосредна близина на општинската зграда. Во рамки на настанот ќе се реализира и панел дискусија под името „Еднаква, своја, успешна“ на која учество ќе земат: Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика Славица Грковска, заменик претседателка…