На ден 20-ти октомври 2022 година (четврток), со почеток од 12:30 часот, во салата „Борис Трајковски“ во Собранието ќе се одржи јавна дебата посветена на законското регулирање на средношколското организирање и учество. Целта на оваа јавна дебата е средношколците, претставниците на младинските здруженија, институциите и организациите кои работат на полето на образование и младинско учество да дискутираат за можни законски решенија кои ќе го регулираат и гарантираат средношколското учество. Учесниците во јавната дебата ќе ги споделат своите ставови, искуства и потреби за идно законско решение, а се очекува да дадат…