Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од страна на Проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ распишува: Отворен повик за креативно изразување на тема: „МЛАДИ ПРОТИВ ОМРАЗАТА“ Кој има право на учество: млади лица на возраст помеѓу 15 и 35 години Со што може да учествувате: фотографија/и, видео/а, цртеж/и, поезија, проза, слики, краткометражни аматерски филмови, рилс и други…
Tag: Институт за добро управување и евро-атлантски перспективи
Кордалов во Тема на денот: Ако искрено и отворено комуницираме на тема ЕУ, може да очекуваме носење на зрели одлуки за иднината на земјата
Според мене клучно или најважно е кога зборуваме на тема ЕУ особено од страна на македонските институции, да потенцираме дека реформите во здравството, образованието, екологијата итн. ги правиме заради нас дома, во Македонија, а не првенствено заради членството во Европската Унија. Бидејќи нас очајно ни треба здравство кое нема да биде обременето со скандали како овој последниот, а не заради Париз. Ние секојдневно мака мачиме со јавниот превоз и со немањето доволно линии и превозни средства. Не е метрото проблем на Виена или Стокхолм, истакна на гостувањето во „Тема на…
ИДУЕП учествува во консултативниот процес на СЕП за изготвување на патоказите за ЕУ
Секретаријатот за европски прашања (СЕП) отпочна процес на консултации со граѓанското општество за изготвување на патоказите за владеење на правото, функционирањето на демократските институции и реформа на јавната администрација кои треба да се подготват согласно Преговарачката рамка усвоена од Советот на ЕУ на 18 јули 2022 година, а на кои беа поканети и активно учество зедоа претставници на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Состанокот беше одржан во просториите на Секретаријатот на 24.8.2023 година, а на него учествуваа и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, која подетално ги…
„Остави трага“ од Кавадарци: Заедно даваме пример дека младите луѓе ни се важни, да бидеме нивна лична мотивација и поттик
Плоштадот во Кавадарци беше централното место каде се одржа петтиот од низата на јавни настани за подигање на јавната свест помеѓу младите луѓе, насловен „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“. На едно место се обединија претставници на централната и локалната власт со цел давање поттик за младите луѓе да бидат поактивни и повеќе вклучени со свои иницијативи во обликувањето и менувањето на општеството. Спојот на раскажани успешни и мотивациски лични приказни, како и драмата, музиката и уметноста беа само дел од начините преку кои караванот допре до…
Караванот „Остави трага“ во Кавадарци – Со успешни приказни заеднички да ги поттикнеме младите да бидат активни чинители во општеството
Караванот „Остави трага“, кој има за цел да поттикне младинска активација, но и да пренесе пораки на еднаквост и толеранција низ целата земја, продолжува со петтиот од серијата на настани за подигање на јавната свест, кој ќе се одржи во Кавадарци на 23.8.2023 година со почеток во 19 часот во паркот „Кавадарци“, во непосредна близина на општинската зграда. Во рамки на настанот ќе се реализира и панел дискусија под името „Еднаква, своја, успешна“ на која учество ќе земат: Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика Славица Грковска, заменик претседателка…
Караванот „Остави трага“ денес во Охрид – Регионална акција за поттикнување на младинското учество и градење општество без омраза
Караванот „Остави трага“, кој има за цел да поттикне младинска активација, но и да пренесе пораки на еднаквост и толеранција низ целата земја, продолжува со четвртиот од серијата на настани за подигање на јавната свест, кој ќе се одржи во Охрид на 19.8.2023 година со почеток во 19 часот во паркот кај Центарот за култура „Григор Прличев“. Во рамки на настанот ќе се реализира и панел дискусија под името „Еднаква, своја, успешна“ на која учество ќе земат: Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика Славјанка Петровска, министерка за одбрана…
Policy brief: Како до подобар младински стандард? Препораки и предлози за дејствување на собранискиот Клуб за младински прашања и политики
Финален Документ со конкретни препораки и предлози за идното дејствување на Клубот за младински политики при Собранието 2023/2024 година кој е изготвен од страна на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата „Фридрих Науман“ со цел предлог конкретни активности и мерки кои ќе водат кон подигнување на младинскиот стандард во земјата. Овој документ е дел од 6месечен консултативен процес во кој беа вклучени различни граѓански организации кои застапуваат и работат со млади, а започна со организирање на јавниот настан на тема „Како до подобар младински стандард во 2023…
Караванот „Остави трага“ испрати порака од Дојран: Заедно за поголемо младинско учество и еднакво општество“
Дојран беше главното место каде викендов се одржа третиот од серијата јавни настани за подигање на јавната свест помеѓу младите луѓе, а кој е насловен „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“. Целта беше да се подигне јавната свест во локалната заедница, особено меѓу младите луѓе и потребата за создавање на вистинско еднакво и различно општество. Културата, уметноста и дебатата беа во средиштето на овој настан каде беа раскажани многу инспиративни и успешни приказни, но и примери за борба против стереотипите, дискриминацијата и говорот на омраза пред жителите…
Караванот „Остави трага“ во Дојран – Заедно за младинска активација и еднакво општество
Караванот „Остави трага“, кој има за цел да ги мотивира младите, но и да пренесе пораки на еднаквост и толеранција низ целата земја, продолжува со третиот од серијата на настани за подигање на јавната свест, кој ќе се одржи во Дојран на 22.7.2023 година со почеток во 19:30 часот во паркот кај Општината („Кај јаворите“). Во рамки на настанот ќе се реализира и панел дискусија под името „Еднаква, своја, успешна!“ на која учество ќе земат: Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика Фатмир Битиќи, заменик претседател на Владата Н.Е.…
ИДУЕП дебата: Клубот на млади пратеници да прерасне во собраниска комисија која формално ќе може да ги застапува младите и младинските политики
Клубот за младински прашања и политики во Собранието треба да прерасне во формална комисија која ќе може поефикасно и поактивно да ги застапува младите и нивните политики во законодавниот дом – ова е заклучокот од дебатата во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи на која учествуваа повеќе младински организации и дел од младите пратеници од повеќе политички партии. На настанот беше презентиран Документот за идно дејствување на Клубот млади пратеници кој е изготвен од страна на ИДУЕП и Фондацијата „Фридрих Науман“ со цел предлог конкретни активности и…