Во рамки на овогодинешниот Преспа форум дијалог кој се одржа на 15 и 16 јуни 2023 година во Струга се одржа и панел дискусија на тема „ Дигиталната трансформација поврзува – Перспективи за партнерства на Западен Балкан“. Во дискусијата како говорник и модератор учествуваше и претседателот на ИДУЕП, комуникологот Бојан Кордалов. Воведни излагања имаа министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерката за дигитализација во Владата на Република Словенија, Емилија Стојменова Дух. Во рамки на оваа панел дебата како панелисти учествуваа и Аино Лепик Фон Вирен, генерална директорка…
Tag: дигитална трансформација
Дигитализацијата конечно да стане национален и натпартиски приоритет – иницијатива на ИДУЕП на средбата со МИОА Азир Алиу
Одржана работна средба на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) со Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу на која се разговараше за можностите и иницијативите за меѓусебна соработка и јакнење на капацитетите на МИОА во делот на напорите за дигитална трансформација, како и процесот на пристапни преговори со Европската Унија, во делот на Поглавјето 10 – Информатичко општество и медиуми. Претставници на ИДУЕП и Министерството за информатичко општество (МИОА) во следниот период ќе ги дефинираат потенцијалите за конкретни заеднички активности поврзани со застапување на процесот на…
Младите и дигитализацијата во фокусот – Клубот на млади пратеници и ИДУЕП во заедничка посета на општина Охрид
Барање за брзо опремување на просториите на локалниот младински совет, иницијатива за поместување на почетокот на училишната година и второто полугодие со цел заштеда на електрична енергија, дигитално поврзување на локалната самоуправа со централните бази на податоци, како и зајакнување на соработката помеѓу Собранието и општина Охрид со вклученост на граѓанскиот сектор беше целта на настанот кој се одржа во Охрид, а во рамки на иницијативата „Младите во фокусот“, во организација на Клубот за младински прашања и политики во Собранието и Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП), а…
Дигитализацијата е приоритет на младите и мотивацијата да останат во земјата – Клубот за младински прашања и политики при Собранието и ИДУЕП ќе работат на заеднички иницијативи
Клубот за младински прашања и политики при Собранието и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) ќе работат заедно на имплементација на иницијативи за дигитална трансформација на општеството кои ќе придонесат да им се обезбеди полесен и подобар живот на младите во земјава како и да се мотивираат иднината да ја гледаат во својата земја. Ова е договорено на денешната средба во Собранието насловена како „Дигитализацијата како алатка на младите за воведување нови практики на добро управување“. На средбата ИДУЕП претстави повеќе иницијативи во делот на дигиталната трансформација и…
Прирачник „Дигитална трансформација кон е-општини“
Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини“ е изработен од страна на авторите Бојан Кордалов и Тоше Зафиров, а уредник е Ивајло Цонев. Вклучени истражувачи во изработката на овој прирачник беа и Невена Георгиевски, Јана Мировска, Теа Димковска и Дарко Беровски. Издаден е во февруари 2022 година на македонски и албански јазик од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи и Фондацијата за слобода „Фридрих Науман“. Исто така, достапно е и кратко резиме на Прирачникот на англиски јазик. ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА КОН Е-ОПШТИНИ (.pdf) …
Граѓаните бараат ефикасни општини – Со дигитализација до квалитетни јавни услуги
Потребна е сеопфатна стратегија но и конкретен план и ресурси за имплементација на дигитализација на услугите во општините кои треба да бидат направени по мерка и според потребите на граѓаните, гласи заклучокот од денешната трета дебата од серијата јавни настани „Дигитални предизвици за општествена трансформација – Како до е-општини од интерес на граѓаните?“, организирана од страна на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата „Фридрих Науман“. Сите учесници во дебатата се согласни дека е потребна поголема конкретна примена на дигитални услуги на локално ниво и системски пристап…
Покана за онлајн тркалезна маса „Како до е-општини од интерес на граѓаните?“ во организација на ИДУЕП и ФНФ
На ден 20 јануари 2022 година, четврток, со почеток во 11 часот, ќе се одржи третиот од серијата јавни настани „Дигитални предизвици за општествена трансформација“, организиран од страна на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и фондацијата „Фридрих Науман“. Настанот ќе биде во формат на онлајн тркалезна маса, а свои обраќања ќе имаат: Горан Милевски – министер за локална самоуправа, Душица Перишиќ – извршна директорка на ЗЕЛС, Ивајло Цонев – проектен координатор во Фондацијата „Фридрих Науман“, Бојан Кордалов – комуниколог, Бардил Јашари – извршен директор на Фондација „Метаморфозис“…
Европски искуства за поддршка на процесот на дигитализација во земјите од Западен Балкан – Формиран Советот за дигитална трансформација во рамки на германскиот институт Хајделберг
Формирање на силен фронт помеѓу образовните институции, граѓанскиот сектор и ИКТ индустријата со цел поддршка на напорите на јавните институции и приватниот сектор на земјите од Западен Балкан во насока на воспоставување на одржлива дигитализација која е од интерес на секој граѓанин – ова е основата на потпишаниот Меморандум за соработка склучен помеѓу високообразовната установа Хајделберг Институт и Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). „Процесите предводени од сојузната германска влада во пост-ковид периодот, кон кои целат сите земји од Западниот Балкан, треба да завршат во правец на имплементација…