Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини“ промовиран во општина Охрид

Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини – Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?“ промовиран во Општина Охрид. Копија од Прирачникот беше предадена на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков од страна на коавторите Бојан Кордалов и Тоше Зафиров. Исто така, печатени примероци на македонски и албански јазик беа дадени на општинската администрација за потребите на надлежните сектори за дигитална трансформација, млади, како и координаторите на советничките групи во Општина Охрид. Овој Прирачник се фокусира кон иновативната и практична улога што дигитализацијата и дигиталната трансформација…

Дебата: Дигитална трансформација кон е-општини – само со добри јавни услуги може да се врати довербата во институциите

Дигитализацијата на општините е комплексен процес, но е неминовен и потребно е во него да се вклучат сите чинители, од креаторите на политики, граѓанскиот сектор, бизнис и академската заедница и граѓаните за тој да се забрза. Целта на дигитализацијата е поефикасни општини кои ќе бидат вистински сервис и во служба на граѓаните, како и поголема транспарентност која ќе придонесе да се врати довербата во институциите. Ова е заклучокот од денешната панел дискусија: „Дигитална трансформација кон е-општини – Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни…

Настан за промоција на публикација – прирачник „Дигитална трансформација кон е-општини“

На ден 8 февруари 2022 година, вторник, со почеток во 11 часот ќе се одржи онлајн промоција на публикацијата – Прирачник „Дигитална трансформација кон е-општини – Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?“. Настанот е во организација на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата „Фридрих Науман“, а во соработка со Министерството за локална самоуправа. Овој настан цели кон поттикнување на поширока јавна дебата, како и споделување на успешни примери на дигитална трансформација на општинско ниво, но и вакви конкретни…