Анализата на состојбата со дигитализацијата на државните универзитети е изработена од страна на Форумот за образовни промени (ФОП), Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Асоцијација за младинско зајакнување (YEA) во рамки на иницијативата DigiU, покрената од трите организации, а во која се вклучени и студентските организации, како и претставничките и претставниците на универзитетите и дел од надлежните институции. Оваа публикација е поддржана од страна на European Endowment for Democracy (EED). Анализата има за цел да обезбеди увид во факторите што го попречуваат успехот на дигиталната трансформација во…
Tag: анализа
Анализа: Учениците и студентите преферираат настава во живо или комбиниран модел
Најголем број од младите во регионов, над 70%, не сакаат да продолжат со онлајн настава и сметаат дека ниту тие, а ниту професорите не вложуваат доволно напори за квалитетна настава преку интернет што резултира во ниско до средно ниво на стекнато знаење и несоодветна едукација. Ова го покажува онлајн истражувањето на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) спроведено помеѓу ученици и студенти од Македонија, Србија и Албанија во текот на месец Јануари 2022 година. Впечатлив и заеднички став на младите од трите земји е податокот дека, помалку од…
ИДУЕП Анализа: Подобрувања, но и падови во користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери во 2021 година
115 од вкупно 120 пратеници биле присутни на најмалку еден социјален медиуми во 2021 година. Носителите на извршната власт – Претседателот и Владата во целост биле онлајн, а бројот на активни градоначалници на социјалните медиуми пораснал за 3 споредено со 2020 година и изнесува 80 од вкупно 81. Политичарите и јавните институции се присутни на социјалните медиуми само кога сакаат нешто да соопштат, да се одбранат или да нападнат, а мислењата од граѓаните речиси се неважни, покажа редовната годишна Анализа на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). За…
ИДУЕП Анализа: Јавните функционери со зголемено присуство на социјалните медиуми во 2020 година
119 од вкупно 120 пратеници биле присутни на најмалку еден социјален медиуми во 2020 година. Носителите на извршната власт – Претседателот и Владата во целост биле онлајн, а бројот на активни градоначалници на социјалните медиуми пораснал за 3 споредено со 2019 година и изнесува 74 од вкупно 81. Двонасочната комуникација останува предизвик и за 2021 година, покажа редовната годишна Анализа на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). За потребите на Институтот анализата ја изработи Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми, а активно беа вклучени…
„Вистинскиот маж“ освои над 28.000 Фејсбук поддржувачи
За само две недели од формирањето на фејсбук групата за поддршка на кампањата „Вистинскиот маж никогаш НЕ удира жена“ таа брои над 28.000 поддржувачи – покажа второто интернет истражување на тема „Демократија преку новите медиуми“, кое во периодот од 10 – 14 Октомври 2009 година го спроведе Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Некои податоци: Групата е јавна и отворена. Во неа може да се зачлени и да остави свој коментар или мислење секој кој има личен фејсбук профил. Формирана е на 1ви Ноември 2009 година и за…
35 од вкупно 120 пратеници користат Фејсбук
35 од вкупно 120 пратеници во Собранието на Република Македонија имаат свој профил на мрежата за интеракција „фејсбук“ – покажа првото интернет истражување на тема „Демократија преку новите медиуми“, кое во периодот од 23 – 29 Октомври 2009 година го спроведе Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Некои статистики: Најголем број на Фејсбук профили – вкупно 17 – имаат пратениците од ПГ на ВМРО ДПМНЕ. Најголем број на Фејсбук пријатели има пратеничката од СДСМ, Радмила Шекеринска. Таа го има максималниот број на дозволени пријатели – 5.000 вкупно. Второто…