Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од страна на Проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ распишува: Отворен повик за креативно изразување на тема: „МЛАДИ ПРОТИВ ОМРАЗАТА“ Кој има право на учество: млади лица на возраст помеѓу 15 и 35 години Со што може да учествувате: фотографија/и, видео/а, цртеж/и, поезија, проза, слики, краткометражни аматерски филмови, рилс и други…
Category: Новости
Одржани консултативни средби со млади во рамки на иницијативата „Walk & Talk“ – Подигање на свеста за менталното здравје
Во текот на изминатите две недели, во просториите на Сојузот на извидниците во Скопје и Струга, се одржаа две консултативни средби со млади на возраст до 25 години, чија цел беше да дознаеме „што е она кое функционира“ во однос на менталното здравје кај младите, дали овој аспект е важен за нив и колку тие се подготвени да ја надминат стигмата поврзана со менталното здравје воопшто. Настаните беа одржани во хибриден формат, односно со физичко, како и онлајн присуство со цел можност за вклучување на млади луѓе од сите региони…
Претставници на DigiU остварија работен состанок со ректорот на УГД Штип
Претставници на иницијативата „#DigiU“ беа во работна посета на Штип каде се сретнаа со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски и со проректорот за настава и студенти, проф. д-р Мишко Џидров. Тема на состаноците беше процесот на дигитална трансформација во високото образование и начините за негово унапредување. Посебен акцент беше ставен на позитивните практики кои овој Универзитет ги покажува во сферата на дигитализацијата на студентските услуги и е-учењето. За таа цел, во наредниот период се планира организирање на заеднички настани со цел промоција на конкретни позитивни дигитални…
Кордалов во Тема на денот: Ако искрено и отворено комуницираме на тема ЕУ, може да очекуваме носење на зрели одлуки за иднината на земјата
Според мене клучно или најважно е кога зборуваме на тема ЕУ особено од страна на македонските институции, да потенцираме дека реформите во здравството, образованието, екологијата итн. ги правиме заради нас дома, во Македонија, а не првенствено заради членството во Европската Унија. Бидејќи нас очајно ни треба здравство кое нема да биде обременето со скандали како овој последниот, а не заради Париз. Ние секојдневно мака мачиме со јавниот превоз и со немањето доволно линии и превозни средства. Не е метрото проблем на Виена или Стокхолм, истакна на гостувањето во „Тема на…
Потребни ни се активни млади кои ќе учествуваат во градењето на еднакво и успешно општество за секого – Караванот „Остави трага“ во Гостивар
Паркот кај општинската зграда во Гостивар беше главното собиралиште каде се случи спојот меѓу уметноста, дебатата и музиката вткаен во рамките на мултимедијалниот караван „Остави трага“. Ова беше шестиот од низата на јавни настани за подигање на јавната свест помеѓу младите луѓе, кој на едно место ги обедини преставничките и претставниците на локалната и централната власт, меѓународните претставници, како и граѓанскиот и бизнис секторот, но и многу млади луѓе кои со практичен и личен пример ги повикаа своите врсници и младите генерации да бидат поактивни и повеќе вклучени со свои…
Караванот „Остави трага“ денес во Гостивар
Караванот „Остави трага“, кој има за цел да поттикне младинска активација, но и да пренесе пораки на еднаквост и толеранција низ целата земја, продолжува со шестиот од серијата на настани за подигање на јавната свест, кој ќе се одржи во Гостивар на 6.9.2023 година со почеток во 18:30 часот во паркот до општинската зграда во Гостивар. Во рамки на настанот ќе се реализира и панел дискусија под името „Еднаква, своја, успешна“ на која учество ќе земат: Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика Каја Шукова, министерка за животна средина…
ИДУЕП учествува во консултативниот процес на СЕП за изготвување на патоказите за ЕУ
Секретаријатот за европски прашања (СЕП) отпочна процес на консултации со граѓанското општество за изготвување на патоказите за владеење на правото, функционирањето на демократските институции и реформа на јавната администрација кои треба да се подготват согласно Преговарачката рамка усвоена од Советот на ЕУ на 18 јули 2022 година, а на кои беа поканети и активно учество зедоа претставници на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Состанокот беше одржан во просториите на Секретаријатот на 24.8.2023 година, а на него учествуваа и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, која подетално ги…
„Остави трага“ од Кавадарци: Заедно даваме пример дека младите луѓе ни се важни, да бидеме нивна лична мотивација и поттик
Плоштадот во Кавадарци беше централното место каде се одржа петтиот од низата на јавни настани за подигање на јавната свест помеѓу младите луѓе, насловен „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“. На едно место се обединија претставници на централната и локалната власт со цел давање поттик за младите луѓе да бидат поактивни и повеќе вклучени со свои иницијативи во обликувањето и менувањето на општеството. Спојот на раскажани успешни и мотивациски лични приказни, како и драмата, музиката и уметноста беа само дел од начините преку кои караванот допре до…
Караванот „Остави трага“ во Кавадарци – Со успешни приказни заеднички да ги поттикнеме младите да бидат активни чинители во општеството
Караванот „Остави трага“, кој има за цел да поттикне младинска активација, но и да пренесе пораки на еднаквост и толеранција низ целата земја, продолжува со петтиот од серијата на настани за подигање на јавната свест, кој ќе се одржи во Кавадарци на 23.8.2023 година со почеток во 19 часот во паркот „Кавадарци“, во непосредна близина на општинската зграда. Во рамки на настанот ќе се реализира и панел дискусија под името „Еднаква, своја, успешна“ на која учество ќе земат: Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика Славица Грковска, заменик претседателка…
Караванот „Остави трага“ од Охрид: Младите се сегашноста, секој од нас да биде пример за нивна мотивација да бидат активни општествени чинители
Викендов во Охрид се одржа регионалниот настан, кој е четврти во низата на јавни настани за подигање на јавната свест помеѓу младите луѓе, насловен „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“. Целта беше да се подигне јавната свест во локалната заедница, особено меѓу младите луѓе и потребата за градење на општество на еднакви можности за секоја личност. Спојот на десетината раскажани мотивациски лични приказни, како и уметноста и музиката беа само дел од начините преку кои караванот допре до младите луѓе од Охрид, но и многубројните гости во…