Студентите во фокусот на студиската посета на УСС УКИМ на Брисел

Во периодот од 4 до 7 Април 2024 година, во организација на Европскиот центар за извонредност (European Centre of Excellence, ECE) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), делегација на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) учествуваше во студиска посета на Брисел, Белгија. Целта на дводневната посета беше директно запознавање на студентските претставнички и претставници со позитивни европски пракси, поврзување со меѓународни организации и ЕУ институции релевантни за европската перспектива на младите од земјата, како и креирање на можности за поврзување и вмрежување…