Најава на јавен настан „Дигитална трансформација во високото образование – младински перспективи“

Институтот за напредно политичко лидерство (АЛПИ) поддржан од страна на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) организира јавен настан на тема „Дигитални реформи за современо високо образование – младински перспективи“. За време на настанот ќе бидат презентирани и наодите и заклучоците во рамки на Анализа за дигитализација на услугите во високо образование која за потребите на оваа младинска иницијатива ја изготви Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Настанот ќе го отвори Кристофер Бренан, резидентен програмски директор на ИРИ, а предвидени се и две дискусии: за заклучоците и препораките кои произлегуваат…

Анализа на ИДУЕП со препораки „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“

Презентација на наодите, заклучоците и препораките во рамки на спроведениот Проект „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Овој проект е финансиран од страна на Европската Унија, а субгрантиран од страна на фондацијата „Ана и Владе Дивац“, Младинскиот сојуз Крушево и 3 партнерски организации од регионот. Во пишувањето на оваа Анализа директно работеше тим од 5 лица од ИДУЕП , а претходеше едногодишен консултативен процес во кој беа вклучени над 30 младински организации, стопанските…

Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини“ промовиран во Министерството за информатичко општество и администрација

Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини – Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?“ е промовиран во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Копија од Прирачникот беше предадена на министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу од страна на коавторите Тоше Зафиров и Бојан Кордалов. Исто така, печатени примероци на македонски и албански јазик беа поделени во архивата и библиотеката на МИОА, а за потребите на вработените во надлежните сектори. За време на средбата со министерот Алиу на која се разговараше за…