Претставници на иницијативата „#DigiU“ беа во работна посета на Штип каде се сретнаа со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски и со проректорот за настава и студенти, проф. д-р Мишко Џидров. Тема на состаноците беше процесот на дигитална трансформација во високото образование и начините за негово унапредување. Посебен акцент беше ставен на позитивните практики кои овој Универзитет ги покажува во сферата на дигитализацијата на студентските услуги и е-учењето. За таа цел, во наредниот период се планира организирање на заеднички настани со цел промоција на конкретни позитивни дигитални…
Tag: YEA
#DigiU организира форум на тема „Дигитализација на државните универзитети во Република Северна Македонија“
Форумот за образовни промени (ФОП), Асоцијацијата за младинско зајакнување (YEA) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во рамки на иницијативата за дигитални услуги во високото образование (DigiU) организираат Форум на тема „Дигитализација на државните универзитети во Република Северна Македонија“. Настанот ќе се одржи на 27.4.2023 година со почеток во 10 часот. Во прилог агендата на настанот: 09:45-10:05 | Пристигнување на учесниците и заеднички изјави за медиуми 10:05-10:10 | Воведно обраќање и отворање на #DigiU Форум од страна на Бленди Ходаи (ФОП) 10:10-11:30 | Панел 1: Заинтересирани страни…
ИДУЕП со поддршка за #DigiU – Заеднички сојуз за дигитални услуги во високото образование
Студентите имаат 100 проблеми, но трчањето по шалтери не треба да е еден од нив! За таа цел студентите и нивните организации бараат дигитално трансформирани универзитети! Ова беше заклучено на првиот состанок на младински организации кој се залага за дигитални услуги во високото образование. На 3 февруари 2023 година фицијално започна иницијативата #DigiU иницирана од Форумот за образовни промени (FECH), ИДУЕП и Асоцијацијата за младинско зајакнување (YEA), каде присуствуваа и дел од студентските собранија и беше разговарано за различните можности што ќе доведат на чекор поблиску до дигиталните универзитети. ИДУЕП…