Заеднички активности и соработка во сферата на доброто управување со акцент на транспарентноста, антикорупцијата и дигитализацијата, како и следењето на добрите ЕУ практики во овие сфери – ова беа дел од темите на кои се разговараше за време на иницијалната средба која Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) ја оствари со заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи. Комуникологот и претседател на ИДУЕП, Бојан Кордалов го запозна вицепремиерот Фетаи со програмските цели и активности на Институтот, нагласувајќи ја клучната улога на принципите на доброто управување…
Tag: вицепремиер
ИДУЕП организира дебата на младински претставници со вицепремиерот Фатмир Битиќи
За време на настанот кој ќе се одржи на 15.3.2023 година, ИДУЕП на вицепремиерот Битиќи ќе му ја предаде Анализата и заклучоците од проектот „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ по што се предвидени и изјави за медиумите. Веднаш потоа, на истата тема е предвидено организирање на дебата на повеќе младински претставнички и претставници со ЗПВРСМ задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. Дебатата со почеток од 12 часот ќе биде пренесувана во живо на Фејсбук страната на ИДУЕП,…
