Заедно со младите ги рушиме табуата и стигмата поврзана со менталното здравје – „Walk and Talk“ караванот во Велес и Кавадарци

Нашиот „Walk & Talk“ тим продолжува да ги руши табуата и да креаира култура која ги охрабрува младите да бараат поддршка кога таа им е потребна – Интерактивни игри, разговори и многу споделени искуства и совети за како младите да го унапредат своето ментално здравје беа дел и од младинските дружби во Велес и Кавадарци. Замислата на оваа иницијатива е настаните да се спроведуваат како рути за заедничко пешачење со цел да се промовира физичката активност и придобивките од активностите на отворено за менталната добросостојба. Пешачењето го смирува умот, го…

„Walk and Talk“ во Велес и Кавадарци – Младинскиот караван продолжува да се фокусира на важноста на менталното здравје

Во петок, 1.12.2023 година, во Велес и Кавадарци ќе се организираат „Walk and Talk“ настани кои целат да ја подигнат свеста и да ја надминат стигмата поврзана со менталното здравје помеѓу младата популација. Целта е да се охрабрат младите луѓе на возраст помеѓу 15-25 години отворено да разговараат за предизвиците за менталното здравје преку пристап заснован на активности прилагодени за оваа возраст. Според концептот на проектот предвидено е движење според дадената мапа во двете општини по која учесниците ќе се движат за време на настаните со 3 точки на застанување…