Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини – Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?“ беше промовиран во Општина Валандово. Копија од Прирачникот беше предадена на градоначалникот Перо Костадинов од страна на коавторите Бојан Кордалов и Тоше Зафиров. Овој Прирачник се фокусира кон иновативната и практична улога што дигитализацијата и дигиталната трансформација ја имаат во процесот на комуникација и овозможување ефикасни дигитални услуги на јавната администрација на локално ниво. Дадени се принципи, но и конкретни примери на дигитални платформи што едноставно може да се применат…
Tag: Валандово
Одржана обука за општина Валандово како основа за пишување на комуникациска стратегија
Тимот на ИДУЕП одржа еднодневна обука за двонасочна комуникација , транспарентност и дигитализација на локално ниво за дел од вработените во општина Валандово. На овој начин започна процесот на подготовка на комуникациска стратегија за потребите на Општината. Стратегијата ќе се стреми кон дополнително зголемување на транспарентноста и отчетноста, како и поголемо вклучување на граѓаните во процесите на одлучување на локално ниво. Оваа активност произлегува од минатогодишниот Меморандум за соработка склучен помеѓу Инстутутот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и општина Валандово. Целта на Меморандумот е поддршка на зголемена транспарентност,…
ИДУЕП потпиша Меморандум за соработка со општина Валандово
Со масовната употреба на интернетот и дигитализацијата, општините не се делат на големи и мали или урбани и рурални, туку првенствено на „паметни“ и отворени наспроти затворени и нетранспарентни. Од овие причини, а препознавајќи ги новите комуникациски можности и трендови, градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов и претседателот на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи, Бојан Кордалов потпишаа Меморандум за соработка кој има за цел да ја зајакне компонентата за добро управување, како и транспарентно и дигитално работење на општина Валандово. Согласно Меморандумот за соработка, Општината се обврзува континуирано…