Со кого разговараш кога нешто те мачи? Ова беше само една од темите на кои зборуваа младите во отворен разговор за време на првиот настан „Walk and Talk“ во Струмица. Настаните „Walk and Talk“ организирани под иницијатива на Министерството за труд и социјална политика и поддржани од страна на УНИЦЕФ, а спроведени од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници имаат за цел подигнување на свеста за менталното здравје кај адолесцентите и нивните семејства. Замислени како младинска пешачка рута со разновидни…
Tag: UNICEF
„Walk and Talk“ започнува во Струмица и Валандово – младите ќе пешачат и разговараат за менталното здравје
Во петок во Струмица и Валандово ќе се организираат „Walk and Talk“ настани кои целат да ја подигнат свеста и да ја надминат стигмата поврзана со менталното здравје помеѓу младата популација. Целта е да се охрабрат младите луѓе на возраст помеѓу 15-25 години отворено да разговараат за предизвиците за менталното здравје преку пристап заснован на активности прилагодени за оваа возраст. Според концептот на проектот предвидено е креирање на мапа по која учесниците ќе се движат за време на настаните со 3 точки на застанување каде експерти за ментално здравје заедно…
Одржани консултативни средби со млади во рамки на иницијативата „Walk & Talk“ – Подигање на свеста за менталното здравје
Во текот на изминатите две недели, во просториите на Сојузот на извидниците во Скопје и Струга, се одржаа две консултативни средби со млади на возраст до 25 години, чија цел беше да дознаеме „што е она кое функционира“ во однос на менталното здравје кај младите, дали овој аспект е важен за нив и колку тие се подготвени да ја надминат стигмата поврзана со менталното здравје воопшто. Настаните беа одржани во хибриден формат, односно со физичко, како и онлајн присуство со цел можност за вклучување на млади луѓе од сите региони…