„Walk and Talk“ во Тетово – Споделени искуства и препораки за добросостојба кај младите луѓе

Заедничкиот авантуристички дух и ентузијазмот беа водич по дождливите патеки во Бањиче заедно со младите луѓе од Тетово. Дел од предлозите на средношколците за подобрување на расположението кои произлегоа од разговорите со експертите за ментално здравје: Нашиот тажен другар/ка ќе го/ја прашаме како си?; Сите заедно се вклучуваме во активности, нема исклученост на ниедна личност; Повеќе ќе слушаме што сакаат да ни кажат нашите врсници и блиски… На крајот од настанот беа посадени дрвца, а како поддршка на иницијативата „Боренка“ која се стреми да ја направи нашата држава позелена .…

„Walk and Talk“ во Тетово – Во фокусот грижата за менталното здравје на младите луѓе

Овој петок во Тетово ќе се организира петтиот „Walk and Talk“ настан кој има за цел подигање на свеста и надминување на стигмата поврзана со менталното здравје помеѓу младата популација. Целта е да се охрабрат младите луѓе на возраст помеѓу 15-25 години отворено да разговараат за предизвиците за менталното здравје преку пристап заснован на активности прилагодени за оваа возраст. Според концептот на проектот предвидено е креирање на мапа по која учесниците ќе се движат за време на настаните со 3 точки на застанување каде експерти за ментално здравје заедно со…

Промоција на прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини“ во Општина Тетово

Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини – Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?“ беше промовиран во Општина Тетово. Копија од Прирачникот беше предадена на градоначалникот Биљал Касами од страна на коавторот Бојан Кордалов. Овој Прирачник се фокусира кон иновативната и практична улога што дигитализацијата и дигиталната трансформација ја имаат во процесот на комуникација и овозможување ефикасни дигитални услуги на јавната администрација на локално ниво. Дадени се принципи, но и конкретни примери на дигитални платформи што едноставно може да се применат во општините во…