„Walk and Talk“ настаните започнаа од Струмица и Валандово – Заеднички ја подигаме свеста за менталното здравје кај младите

Со кого разговараш кога нешто те мачи? Ова беше само една од темите на кои зборуваа младите во отворен разговор за време на првиот настан „Walk and Talk“ во Струмица. Настаните „Walk and Talk“ организирани под иницијатива на Министерството за труд и социјална политика и поддржани од страна на УНИЦЕФ, а спроведени од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници имаат за цел подигнување на свеста за менталното здравје кај адолесцентите и нивните семејства. Замислени како младинска пешачка рута со разновидни…

Потпишан Меморандум за соработка со општина Струмица

Струмица е една од првите општини кои уште на самиот почеток ја препозна потребата и започна со спроведување на двонасочна комуникација и дигитализација, користејќи ја експертизата на ИДУЕП во овие сфери уште пред повеќе од 8 години. Продлачувајќи ја соработката, ИДУЕП потпиша Меморандум за соработка со општина Струмица и градоначалникот Коста Јаневски, а со цел дополнително промовирање на начелата на добри практики во сферата на доброто управување и евро–атлантски перспективи, со акцент на поттикнување на заложбите за транспарентност, дигитализација и двонасочна комуникација. Меморандумот не предвидува никакви финансиски обврски на општината.…