Денес, 24.11.2025 година, во Собранието на Република Северна Македонија беше промовирана публикацијата „Справување со младинскиот евроскептицизам во земјите од Западен Балкан, со фокус на Северна Македонија“, изработена од Европски центар за извонредност (ЕЦЕ Брисел), Институт за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондација Фридрих Науман. Настанот отвори суштинска дебата со претставници на институциите и пратениците, со фокус на конкретни политики и мерки за справување со растечките евроскептични тенденции кај младите, како и зајакнување на довербата во европската интеграција. Воведни обраќања на настанот имаа координаторката на Клубот за младински прашања…
Tag: пратеници
ИДУЕП Анализа: Јавните функционери со зголемено присуство на социјалните медиуми во 2020 година
119 од вкупно 120 пратеници биле присутни на најмалку еден социјален медиуми во 2020 година. Носителите на извршната власт – Претседателот и Владата во целост биле онлајн, а бројот на активни градоначалници на социјалните медиуми пораснал за 3 споредено со 2019 година и изнесува 74 од вкупно 81. Двонасочната комуникација останува предизвик и за 2021 година, покажа редовната годишна Анализа на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). За потребите на Институтот анализата ја изработи Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми, а активно беа вклучени…
35 од вкупно 120 пратеници користат Фејсбук
35 од вкупно 120 пратеници во македонското Собрание имаат свој профил на мрежата за интеракција „фејсбук“ – покажа првото интернет истражување на тема „Демократија преку новите медиуми“, кое во периодот од 23 – 29 Октомври 2009 година го спроведе Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Некои статистики: Најголем број на Фејсбук профили – вкупно 17 – имаат пратениците од ПГ на ВМРО ДПМНЕ. Најголем број на Фејсбук пријатели има пратеничката од СДСМ, Радмила Шекеринска. Таа го има максималниот број на дозволени пријатели – 5.000 вкупно. Второто место му…
