Интегрален текст од презентацијата на наодите, заклучоците и препораките во рамки на спроведениот Проект „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции (НСЕИ) при Собранието од страна на Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на НСЕИ: „Почитуван претседател на Националниот совет за евроинтеграции, почитувани пратеници и пратенички, членови на Национален совет, претставници и претставнички на делегацијата на Европската Унија и Шведската амбасада, драги пријатели. Ми претставува навистина огромна чест и задоволство што на оваа тематска седница, односно за време…
Tag: НСЕИ
НСЕИ едногласно ги усвои препораките на ИДУЕП од Анализата „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат вештини денес“
Националниот совет за евроинтеграции денеска ја одржа Деветтата седница, на која беше презентирана Анализата „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат вештини денес” изработена од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Седницата ја предводеше претседателот на НСЕИ, пратеникот Александар Николовски, а со свои дискусии и сугестии учествуваа: Гордана Сиљановска-Давкова, пратеничка и членка на НСЕИ; Фиснике Бектеши-Шаќири и Здравко Трајанов, пратеници и заменици-членови на Советот, Миќо Стојаноски, претставник од Сојузот на синдикати на Македонија, како и пратениците Бојан Стојаноски и Санела Шкријељ. Анализата со заклучоците пред Националниот совет…
Анализата на ИДУЕП за професиите на иднината ќе биде презентирана на седница на НСЕИ
Денес, 22.2.2023 година, на деветтата седница на Националниот совет за евроинтеграции при Собранието ќе биде презентирана анализата „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат вештини и знаења денес” која ја изготви Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Седницата е закажана со почеток во 12.00 часот, во собраниската сала „Борис Трајковски. Анализата е изработена во рамки на истоимениот проект кој се имплементира од страна на ИДУЕП, кој е финансиран од страна на Европската Унија, а субгрантиран од страна на фондацијата „Ана и Владе Дивац“, Младинскиот сојуз Крушево и…