Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини – Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?“ е промовиран во Министерството за локална самоуправа (МЛС). Копија од Прирачникот беше предадена на министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов од страна на коавторите и уредникот на изданието. Исто така, печатени примероци на македонски и албански јазик беа доделени во архивата и библиотеката на МЛС, а за потребите на вработените во надлежните сектори. За време на кратката средба со министерот Пенов беше презентирана улогата и значењето на овој Прирачник, како…
Tag: Министерство за локална самоуправа
Настан за промоција на публикација – прирачник „Дигитална трансформација кон е-општини“
На ден 8 февруари 2022 година, вторник, со почеток во 11 часот ќе се одржи онлајн промоција на публикацијата – Прирачник „Дигитална трансформација кон е-општини – Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?“. Настанот е во организација на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата „Фридрих Науман“, а во соработка со Министерството за локална самоуправа. Овој настан цели кон поттикнување на поширока јавна дебата, како и споделување на успешни примери на дигитална трансформација на општинско ниво, но и вакви конкретни…