Караванот „Walk and Talk“ во Гостивар и Крива Паланка отворено разговараше со младите луѓе за предизвиците поврзани со зачувувањето на менталното здравје

„Walk & Talk“ караванот продолжува да прави позитивни промени и да ги руши табуата поврзани со менталното здравје помеѓу младата популација! Изминатата недела на нашите младински дружби и отворени разговори на кој начин да се избориме со проблемите, изборите кои ги правиме на дневна основа и односите кои ги градиме со средината им се приклучија и младите од Гостивар и Крива Паланка. Иницијативата е предвидено да има 16 настани во различни градови кои имаат за цел да ги поттикнат младите (15-29 години) отворено да зборуваат за предизвиците на менталното здравје…

„Walk and Talk“ во Гостивар и Крива Паланка – Отворено разговараме за менталното здравје со младите луѓе

Овој понеделник, 4.12.2023 година во Гостивар и во четврток, 7.12.2023 година во Крива Паланка ќе се организираат „Walk and Talk“ настаните кои имаат за цел подигање на свеста и надминување на стигмата поврзана со менталното здравје помеѓу младата популација. Целта е да се охрабрат младите луѓе на возраст помеѓу 15-25 години отворено да разговараат за предизвиците за менталното здравје преку пристап заснован на активности прилагодени за оваа возраст. Според концептот на проектот предвидено е креирање на мапа по која учесниците ќе се движат за време на настаните со 3 точки…

ИДУЕП потпиша меморандум за соработка со општина Крива Паланка

Сите јавни институции мора континуирано да ја подобруваат својата отвореност кон медиумите и граѓаните – ова беше уште еднаш потврдено на заедничката средба на претставници на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. За таа цел, на средбата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИДУЕП и општина Крива Паланка. Со овие меморандуми кои ги склучуваме во континуитет, ИДУЕП ги поттикнува единиците за локална самоуправа на унапредување на соработката и заложба за постојано дејствување во сферата на доброто управување, со особен акцент…