ИДУЕП зема активно учество на завршната фаза од GenNow проектот во Букурешт

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), во периодот од 3 до 7 септември 2025 година, учествуваше на завршната фаза од проектот GenNow, организиран од Фондацијата „Фридрих Науман“. Претставник на настанот кој се одржа во Букурешт, Романија, беше програмскиот координатор во ИДУЕП, Александар Николовски. Програмата опфати анализа на примери од современи популистички лидери, дискусии за политичка комуникација и интерактивни активности за градење тимски дух. Во рамки на семинарот, посебен акцент беше ставен на феноменот „TikTok-изација на политиката“, каде што преку практични задачи и работа со експерти од областа, учесниците…

Младите и евроскептицизмот: Над 40% со позитивен став кон ЕУ, но без верба во брза ЕУ интеграција на земјата

Резултатите од онлајн анкета спроведена на крајот на месец јуни 2025 година со учество на над 1.000 млади лица од земјава потврдуваат постоење на евроскептицизам помеѓу младите луѓе, различни очекувања за членството во ЕУ, како и голем број можности и активности кои можат да се преземат од страна на националните и ЕУ институциите во соработката со младите луѓе на овој план. Истражувањето е дел од поширока анализа за ставовите на младите кон Европската Унија и се реализира во рамки на соработката меѓу Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП…

Публикација: Етичка употреба на ВИ – Наоди на студентските работни групи

Кој ја има контролата – луѓето или алгоритмите? Ова беше клучното прашање на кое 3 групи на студенти се обидоа дадат одговор. Тим 1: Вештачката интелигенција во наставата и учењето Ментор на групата: проф. Боби Бадаревски, Филозофски факултет, УКИМ Студентски координатор: Александар Ристоски Тим 2: Етичка употреба на вештачката интелигенција во академските истражувања Менторка на групата: проф. д-р Катерина Здравкова, ФИНКИ, УКИМ Студентски координаторки: Савче Ѓошева и Адела Асани Тим 3: ВИ во универзитетската администрација Менторка на групата: Јована Доберва, м-р, ФИНКИ Студентска координаторка: Ангела Василевска     ETHICAL USE OF…

Стратешки план за дејствување на средношколските и студентските организации во 2025 година

Средношколците и стѕдентите одредија свои 10 најважни приоритети за дејствување во 2025 година! За време на четиричасовниот настан, претставниците на трите организации (Сојузот на средношколци (СС), Националното студентско тело (НСТ) и Форумот за образовни промени (ФОП)) работеа на следните конкретни теми кои апоред нив се најприоритетни во нивното дејствување и градеа план на активности како да ги актуелизираат во јавноста и истите да ги спроведат.     СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ НА МЛАДИНСКИ ПРИОРИТЕТИ ВО 2025 ГОДИНА       Ваквиот процес на стратешко планирање се случува за прв пат од независноста,…

Средношколците и студентите изработуваат заеднички активности и настап во 2025 година

Сојузот на средношколци (СС), Националното студентско тело (НСТ) и Форумот за образовни промени (ФОП) денес започнуваат со изработка на заедничка платформа за дејствување во 2025 година. Оваа активност, која се случува за прв пат од независноста, има за цел на едно место да ги обедини средношколската и студентската организација со цел тие да изработат најмалку 10 приоритети и проекти кои ќе ги реализираат со заеднички напори во 2025 година. Ваквиот процес на стратешко планирање е поддржан од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и германската Фондација…

Панел дебата: Вештачката интелигенција е корисна за сите, но само доколку се користи етички!

Кои се предизвиците во високото образование поврзани со користењето на ВИ алатки, потребата од воспоставување баланс помеѓу иновацијата и академскиот интегритет, како и важноста од меѓусекторска соработка во креирањето на политиките за вештачка интелигенција – ова беа темите во рамки на настанот „Етичка употреба на вештачката интелигенција: Кој ја има контролата – луѓето или алгоритмите?“. Овој еднодневен настан се одржа на 12.12.2024 година во просториите на „Инокс иновацискиот центар“ во Скопје, а во организација на германската Фондација за слобода „Фридрих Науман“ (ФНФ), Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП)…

Покана за јавен настан „Етичка употреба на вештачката интелигенција (ВИ)“

Со особено задоволство Ве покануваме на настанот „Етичка употреба на вештачката интелигенција: Кој ја има контролата – луѓето или алгоритмите?“,  кој ќе се одржи на 12 декември 2024 година во просториите на „Инокс иновацискиот центар“ (локација: Плоштад Македонија, број 1, 1000 Скопје). Настанот е организиран од страна на германската Фондација за слобода „Фридрих Науман“ (ФНФ), Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Националното студентско тело (НСТ). Овој настан е прв од ваков тип кој на едно место ќе ги обедини претставниците на Универзитетите, креаторите на политики во делот…

ИДУЕП ги зајакнува своите капацитетите – Успешно заврши Меѓународната академија за лидерство во Германија

Интерактивни предавања, вежби за самостојно учење, симулации, панел дискусии со локални и лидери од разни делови на светот – ова беа дел од содржините за време на Меѓународната академија за лидерство на Фондацијата Фридрих Науман која се одржа во период од 11 до 23 август 2024 година во Германија. На покана на нашата партнерска организација, Фондацијата „Фридрих Науман“, претставник на Академијата од земјава и од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) беше Стефан Атанасовски Трајковиќ, заедно со колеги од уште 26 земји од светот, претставнички и претставници на…

ИДУЕП учествува на Меѓународната академија за лидерство на ФНФ – Претставен и успешниот модел на дигитална транспарентност на Институтот

Во рамките на одбележувањето на #15годиниИДУЕП, Стефан Атанасовски Трајковиќ како претставник на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) е во Германија каде учествува на Семинар за зајакнување на капацитетите на НВО во организација на Меѓународната академија за лидерство на Фондацијата Фридрих Науман. За време на првиот дел на Семинарот за зајакнување на капацитетите на НВО, активисти и лидери од 26 земји од светот работат на: 🎯 системот на вредности 🌟 организациската култура ✅️ споделување позитивни пракси Исто така, во рамките на работните сесии беше презентиран и успешниот модел…

Младите нудат решенија за справување со корупцијата – Одржан младински хакатон во Охрид

20 млади луѓе од целата земја активно учествуваа и бараа ефикасни младински решенија за справување со проблемите предизвикани од корупцијата во рамки на тродневниот хакатон на тема „DigiYouth against Corruption“. Хакатонот се одржа од 5ти до 7ми јули 2024 година во Охрид, а во организација на Младинскиот сојуз од Крушево во партнерство со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата Фридрих Науман. Младите учеснички и учесници беа поделени во 6 подгрупи, а под менторство на Анелија Митрова, оперативна координаторка во Младински сојуз, Андреј Стојкоски, проектен асистент во…