Анализата за дигитализација на услугите во високот образование е изработена од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во рамки на Проектот „Дигитални реформи за современо високо образование – младински перспективи“. Овој Проект е инициран како дел од Институтот за напредно политичко лидерство (АЛПИ) поддржан од страна на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Иницијативата е покрената и спроведена од членовите на првата генерација на АЛПИ – ИРИ: Арта Ќерими, Хилал Беќири, Бојан Никовски, Александар Трајановски, Наум Локоски и Евгенија Јанакиеска. Публикацијата е издадена на македонски и албански јазик…
Tag: Дигитална трансформација во високото образование – младински перспективи
Најава на јавен настан „Дигитална трансформација во високото образование – младински перспективи“
Институтот за напредно политичко лидерство (АЛПИ) поддржан од страна на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) организира јавен настан на тема „Дигитални реформи за современо високо образование – младински перспективи“. За време на настанот ќе бидат презентирани и наодите и заклучоците во рамки на Анализа за дигитализација на услугите во високо образование која за потребите на оваа младинска иницијатива ја изготви Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Настанот ќе го отвори Кристофер Бренан, резидентен програмски директор на ИРИ, а предвидени се и две дискусии: за заклучоците и препораките кои произлегуваат…