Преговорите за членство во ЕУ ќе бидат успешни само со вклучување на сите во процесот и со водење на инклузивна комуникација – Одржан јавниот настан „Македонскиот евроинтеграциски пат – Градење на партнерства и преземање на позитивните искуства“

Домашните, како и експертите со седиште во ЕУ, но со потекло од регионот сакаат и има што да понудат како директна поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат, а целиот процес треба искрено да се комуницира со цел сите да се чувствуваат вклучени од самиот почеток – ова се заклучоците од јавниот настан насловен „Македонскиот евроинтеграциски пат – Градење на партнерства и преземање на позитивните искуства“. Настанот, кој денеска се одржа во „American corner“ имаше за цел и дебата со млади луѓе, а беше во организација на Институтот за добро управување и…

Покана за јавен настан „Македонскиот евроинтеграциски пат – Градење на партнерства и преземање на позитивните искуства“

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со YES Alumni – Програма поддржана од Стејт Департментот на САД, Ве покануваат на јавниот настан насловен „Македонскиот евроинтеграциски пат – Градење на партнерства и преземање на позитивните искуства“. Датум на одржување: 3.4.2023 година, понеделник, со почеток во 12:30 часот, локација: American Corner во Скопје, Економски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (бул. „Гоце Делчев“ бр. 9В; 1000 Скопје). Говорници на настанот се Александар Ивановски, директор во CFE Tax Advisers Europe (Европска Асоцијација на даночни советници), Бојан Кордалов, комуниколог…